Љупчо Бреслиски
Изглед
| Љупчо Бреслиски | |
|---|---|
| Роден(а) | 14 мај 1962
Штип, |
| Починал(а) | 16 мај 2016 (возр. 54) Штип, |
| Националност | Македонец |
| Занимање | глумец |
Љупчо Бреслиски (Штип, 14 мај 1962 - Штип, 15 мај 2016 ) — познат македонски театарски, телевизиски и филмски глумец.
Биографија и кариера
[уреди | уреди извор]Бреслиски е роден во 1962 година во Штип. Почнал како глумец во драмското студио во штип, а се усовршил на ФДУ во Скопје во групата на Владимир Милчин. Работел во тетатарот во Суботица, своевремено еден од најдобрите во Југославија. Играл во бројни театарски претстави, но и во телевизиски серии, особено во култната Трст виа Скопје. Ја играл и една од носечките улоги во единствениот македонски филм номиниран за Оскар од неанглиско јазично подрачје, Пред дождот, на Милчо Манчевски. Починал во Штип на 15 мај 2016 година.[1]
Филмографија[2]
[уреди | уреди извор]| Година | Филм | Улога |
|---|---|---|
| 1987-1990 | Трст виа Скопје | |
| 1991 | ТВ Театар ТВ-серија | |
| 1994 | Пред дождот | Митре |
| 1997 | Преку езерото | |
| 2004 | Како убив светец | Премиер |
| 2004 | Големата вода | Инспектор |
| 2007 | Јас сум од Титов Велес | Чувар 1 |
| 2007 | Сенки | Ефтим |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Жална вест: Почина еден од омилените македонски глумци“. Архивирано од изворникот на 2016-07-13. Посетено на 2018-10-07.
- ↑ Бреслиски Љупчо на страната на Кинотека на Македонија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Љупчо Бреслиски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)