Медат Куртовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Медат Куртовски
Градоначалник на Маврово и Ростуше
На должноста
Стапил
2017
Претходник Мукрем Мехмеди[1]
Лични податоци
Роден(а) 2 декември 1979(1979-12-02)(44 г.)
Скудриње, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Партија СДСМ
Занимање професор, политичар

Медат Куртовски (р. 2 декември 1979, Скудриње) — македонски професор по англиски јазик и политичар од редовите на СДСМ. Тој моментално е градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.

Животопис[уреди | уреди извор]

Образование и наставна кариера[уреди | уреди извор]

Своето основно образование го завршил во родното село во ОУ „Блаже Конески“. Средно образование завршил во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Могорче. Дипломирал на насоката англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. После завршување на факултетот работел како професор по англиски јазик во повеќе основни училишта.[2]

Политички живот[уреди | уреди извор]

На локалните избори во 2017 година бил избран за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.[2] На 17 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Куртовски победил во првиот круг и станал градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Тој ја претставувал коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Медат Куртовски е оженет и е татко на две деца.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Градоначалник“. Општина Кисела Вода. Архивирано од изворникот на 11 јануари 2017. Посетено на 12 декември 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Градоначалник“. Општина Маврово и Ростуше. Архивирано од изворникот на 20 септември 2021. Посетено на 12 декември 2021.