Новруз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Новруз
نوروز
Новруз نوروز
Поставена маса за церемонијата за Новруз во Белата куќа во 2008 година
Наречен иалбански: Novruzit
азерски: Novruz
грузиски: ნავრუზი – Navruzi
гујаратски: નવરોઝ – Navarōjha
казашки: 'Наурыз – Nawrız'
курдски: Newroz
киргиски: Нооруз – Nooruz
осетски: Новруз – Novruz
таџички: 'Наврӯз – Navrūz'
татски: Nuruz
турски: Nevruz
узбечки: Navruz
Го празнува(ат) Иран
 Авганистан
 Албанија[1][2]
 Азербејџан
 Кина[3] (од Ујгурите, Казаците, Киргизите и Узбеците)
 Грузија[4]
 Индија[5] (од Парсите)
Ирачки Курдистан[6]

 Казахстан[7]
 Киргистан[7]
 Пакистан[8]
 Киргистан[7]
 Пакистан[9]
 Русија[10]
 Сирија[11][12] (од Курдите)
 Таџикистан[13]
 Турција[14](од Курдите)
 Туркменистан[15]
 Узбекистан

ВидНова година, национален, етнички, меѓународен
Значењепразник Нова година
Датум20, 21 или 22 март
Во 2018вторник, 20 март 2018
во 16:15 UTC *
Во 2019среда, 20 март 2019
во 21:58 UTC *
Во 2020петок 20 март 2020
во 03:50 UTC *
ПрославаХафт син, Чаршанбе сури, Сизда бедар, и др.

Новруз (персиски: نوروز: noʊruz , „нов ден“) – традиционален ирански празник Нова година кого го слаат сите ирански народи, но и други народи кои се тесно поврзани со иранската култура. Обичајот за славење на Новруз се проширил во многу краишта на светот, вклучувајќи делови од средна и јужна Азија, северозападна Кина како и на полуостровот Крим.

Положба на Земјата во однос на сончевите зрази во време на рамноденицата
Симболички релјеф Новруз во Персеполис кој ги прикажува зодијачките знаци за Бик и Лав
Софра хафт син во Техеран со седум предмети кои го симболизираат Новруз

Новруз го означува првиот ден на пролетта и почетокот на годината според иранскиот календар. Почнува со пролетната рамноденица која најчесто е на 21 март, односно ден порано или подоцна, во зависност од точката на посматрање. Обележувањето на Новруз датира пред исламското раздобје, а корените ги влече од времето на антички Иран. Тој е важен зороастриски празник кој има големо значење меѓу модерните зороастријци во Иран. Моментот кога Сонцето еклиптички го пресекува небесниот екватор прецизно се пресметува секоја година, а меѓу иранските семејства обичај е да се собираат и да го посматраат тој настан.

Од ахеминидско време службената нова година почнувала со денот кога Сонцето го напушта зодијакот Риби, односно кога ќе влезе во зодијакот Овен, што означува рамноденица или еквиноциј. Еврејскиот празник Пурим најверојатно е преземен од иранскиот Новруз[30], кој исто така силно влијаел и на традициите на исмаилиите, алавитите[31], алевитите, како и бахаиите[32].

Називот Новруз првпат се спомнува во персиските записи од 2 век п.н.е., но одбележуван е уште во времето на владеењето на иранската династија Ахемениди (648-300 п.н.е.), кога народите од бројните сатрапии на Персиското Царство доаѓале да му предадат дарови на персискиот владетел. Симболиката на Новруз е прикажана на релјефите на Дариевата ападана во Персеполис, на кои лав растргнува бик.

Начини на славење[уреди | уреди извор]

Прослава на Новруз во Баку, Азербејџан
Курдска прослава на Новруз во Истанбул, Турција

Новруз во текот на столетијата се поврзал со многу локални обичаи како што е призивање на Џамшид, митски ирански крал, како и со други верувања и легенди. Начинот на прославување на Новруз се разликува од место до место; од прескокање на оган или поток во Иран до одење преку затегнато јаже, оставање на запалени свеќи на куќниот праг или традиционални игра како коњски трки или традиционално борење во Киргистан. Песните и танците се вообичаени во скоро сите места каде се слави Новруз, како и полусвет семеен или јавен обед[33]. Децата уживаат и учествуваат во славењето на повеќе начини, како што е украсување на тврдо варени јајца (писаница). Жените имаат клучна улога во организирањето на славењето, но и во пренесувањето на обичаите поврзани со Новруз. Новруз е поттик на вредностите на мирот и заедништвото меѓу генерациите и во рамките на семејството, но и вредностите на соседството, и така И придонесува на културолошката разноликост меѓу различните народи и заедници. Заради тоа Новруз е запишан во списокот на светското наследство во Азија и Океанија во 2009 година[33].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The World Headquarters of the Bektashi Order – Tirana, Albania“. komunitetibektashi.org. конс. April 25, 2012. 
  2. „Albania 2010 Bank Holidays“. Bank-holidays.com. конс. 2010-04-06. 
  3. http://news.xinhuanet.com/english2010/china/2011-03/21/c_13790562.htm
  4. Nowruz Declared as National Holiday in Georgia“, 21 март 2010 (посет. 11 март 2013 г).
  5. 5,0 5,1 „Nowruz observed in Indian subcontinent“. www.iranicaonline.org. конс. 29 December 2013. 
  6. „20 March 2012 United Nations Marking the Day of Nawroz“. Ministry of Foreign Affairs (Iraq). конс. 18 April 2012. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 „Celebrating Nowruz in Central Asia“. fravahr.org. конс. 23 March 2007. 
  8. http://english.farsnews.com/newstext.aspx?nn=13921228000132
  9. http://english.farsnews.com/newstext.aspx?nn=13921228000132
  10. Россия празднует Навруз [Russia celebrates Nowruz]“, 21 март 2012 (посет. 11 март 2013 г). (на Russian)
  11. 11,0 11,1 „Arabs, Kurds to Celebrate Nowruz as National Day“. конс. 11 March 2013. 
  12. For Kurds, a day of bonfires, legends, and independence. Dan Murphy. 23 March 2004.
  13. 13,0 13,1 „Tajikistan 2010 Bank Holidays“. Bank-holidays.com. конс. 2010-04-06. 
  14. 14,0 14,1 Emma Sinclair-Webb, Human Rights Watch (Organization), "Turkey, Closing ranks against accountability", Human Rights Watch, 2008. "The traditional Nowrouz/Nowrooz celebrations, mainly celebrated by the Kurdish population in the Kurdistan Region in Iraq, and other parts of Kurdistan in Turkey, Iran, Syria and Armenia and taking place around March 21"
  15. 15,0 15,1 „General Information of Turkmenistan“. sitara.com. конс. 26 December 2012. 
  16. „2015 Official Bank Holidays Schedule“. Bank of Albania. конс. 20 March 2015. 
  17. „Nowruz message“. U.S. Department of State. конс. 21 March 2015. 
  18. „Congratulations for the Start of the New Iranian Year! 1391“. конс. 21 March 2015. 
  19. „Crimean Tatars not celebrating Nowruz“. 21 March 2014. конс. 21 March 2015. 
  20. 20,0 20,1 „Dagestan marks Nowruz“. конс. 21 March 2015. 
  21. „The Enduring Nowruz“. 22 March 2010. конс. 21 March 2015. 
  22. Nowruz Eve among Mazandarani people
  23. „Nowruz celebrations“. Euronews.com. 2013-03-20. конс. 2013-03-27. 
  24. Lt. j.g. Keith Goodsell (March 7, 2011). „Key Afghan, US leadership plant trees for Farmer’s Day“. United States Central Command. конс. 2012-12-03. 
  25. „Nowruz in Georgia and the Georgian Legacy in Iran“. 28 March 2010. конс. 21 March 2015. 
  26. „Nowruz in Takestan and Taleqan (Persian)“. 20 March 2015. конс. 20 March 2015. 
  27. „Farhang-e Tāti, Jahandoost Sabzalipour, Rasht: Farhang-e Iliya Press. Second. Edition in 2013“ (PDF). March 2013. конс. 20 March 2015. 
  28. „Do Uyghur Celebrate Chinese New Year?“. конс. 21 March 2015. 
  29. „Uzbek President says Hussein must be disarmed“. Eurasianet.org. 2003-03-24. Архивирано од изворникот на February 2, 2008. конс. 2010-04-06. 
  30. Јудаизам (Енциклопедија британика)
  31. Алавити
  32. Бахаиски календар
  33. 33,0 33,1 Novruz, Nowrouz, Nooruz, Navruz, Nauroz, Nevruz na službenim stranicama UNESCO-a