Персеполис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Персеполис
𐎱𐎠𐎼𐎿
Takht-e Jamshid
*
Светско наследство на УНЕСКО

Persepolis recreated.jpg
Држава Flag of Iran.svg Иран
Тип Cultural
Критериуми i, iii, vi
Навод 114
Регион** Азија и Австралија
Записно минато
Запис 1979  (3rd заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Персеполис е грчкото име на древниот персиски град Парса, една од престолнините на Персија. Останките на денешниот град се разположени на 70 km североисточно од градот Шираз во Иран. Се смета дека градбата на градот била започната околу 515 п.н.е. од страна на царот Дариј I. Персеполис бил изгорен од страна на Александар Македонски во текот на 330 п.н.е. По Александар, градот останал да служи како престолнина на Персија, за да многу бргу градот биде изоставен и како центар на областа да стане Истахр. Првите научни истражувања биле извршени во текот на 1930 година од страна на универзитетот во Чикаго.[1][2][3][4][5]

Од 1979 година, градот е под заштита на УНЕСКО.

Историја[уреди]

Во текот на својата историја, градот бил престолнина на Персија во времето на династија Ахмениди. Во околу 512 п.н.е. кралот Дариј I започнал со изградба на голема императорска палата, кои во следните години била надоградувана од страна на неговите наследници, неговиот син Ксеркс I, и неговиот внук Артаксеркс I. И покрај тоа што во тоа време како најголеми администратирни центри се сметале Суза, Вавилон и Екбатана, улогата на Персеполис започнала да се зголемува во политичкиот живот на империјата.

Во текот на 330 п.н.е., во времето на азиските освојувања, Александар Македонски успеал да го освои градот и целосно да го ограби, по кое во главната палата избило голем пожар кој го уништил скоро целиот комплекс. Според некои историчари, ова претставувало одмазда на Александар Македонски за персиското разрушување на Атина во времето на грчко-персиските војни. Од 316 п.н.е., Персеполис и понатаму ја имал улогата за главен град, но овој пат во новонастанатата држава по смртта на Александар. Значењето на градот во времето на Селевкидската Империја започнало да опаѓа. Во 3 век п.н.е. градот Истахр станал новата престолнина на империјата.

Наводи[уреди]

  1. [1] Ernst E Herzfeld, A New Inscription of Xerxes from Persepolis, Studies in Ancient Oriental Civilization, vol. 5, 1932
  2. [2] Erich F Schmidt, Persepolis I: Structures, Reliefs, Inscriptions, Oriental Institute Publications, vol. 68, 1953
  3. [3] Erich F Schmidt, Persepolis II: Contents of the Treasury and Other Discoveries, Oriental Institute Publications, vol. 69, 1957
  4. [4] Erich F Schmidt, Persepolis III: The Royal Tombs and Other Monuments, Oriental Institute Publications, vol. 70, 1970
  5. [5] Erich F Schmidt, The Treasury of Persepolis and Other Discoveries in the Homeland of the Achaemenians, Oriental Institute Communications, vol. 21, 1939