Разбој (ткаење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Разбој

Разбојот - справа (машина) која служи за ткаење на платна, јамболии и килими и е една од најбитните справи во историјата. Разбојот исто така е една од наједноставните справи која е конструирана. Првичните разбои биле целосно изработени од дрво и сите операции на нив се вршеле рачно. На принципот на кој работи стариот разбој, работат и големите фабрички машини за ткаење кои произведуваат илјадници метри материјал.

Конструкција на рачен разбој[уреди | уреди извор]

Девојчиња од Македонија, ткаат на разбој (1931 г.)

Рачниот, за домашна употреба, разбој е дрвена конструкција во облик на паралелограм. На двата краја на овој костур се поставуваат два масивни цилиндри т.н. „кросна“ или „вратила“ – едниот за намотаната основа и вториот за навивање на исткаениот материјал после процесот на ткаење. Бидејќи во процесот на ткаење нишките треба да бидат добро затегнати и двете кросна имаат можност да се вртат околу своите оски со што се постигнува добра затегнатост на нишките од основата. Секоја од намотаните нишки потоа минува низ т.н. „ништи“ или „ништелки“. Тие се најмалку две, но може да бидат и повеќе. „Ништите“ се поместуваат горе-долу преку „чкрипци“ со нагазување на „подношките“. Така два соседни конци во „ништите“ имаат различна положба, едниот е горе, а другиот долу. Непосредно до ништите во насока на ткајачката се наоѓаат т.н. „брдила“ или „набрдилa“. Тоа претставува масивна дрвена рамка со вметнато „брдо“ (решетка од цврсто поставени тенки стапчиња од трска). Нишките од основата се поставуваат во отворите на брдото. Со „совалката“ се вметнува преѓа меѓу нишките од основата, потоа се менува положбата на ништите (тие што биле долу одат горе, и обратно) и со брдилото се натиснува ткаеното. На крајот исткаеното се навива на второто кросно.

Ткаење со рачен разбој[уреди | уреди извор]

Пред да почне процесот на ткаење потребно е да се изврши т.н. „сновење“ на нишките на основата по целата ширина и должина на планираната ткаенина. После тоа наснованите нишки се намотуваат на кросното распределени по целата планирана ширина на ткаенината. Секоја нишка поединечно се провлекува низ ништите и брдото и се врзува на второто кросно. Процесот на ткаење се состои во промена на положбата на ништите (горната оди долу, долната горе) со помош на подношките, така што се образува „пазува“ низ која се поминува совалката, оставајќи преѓа напречно на основата. Ткајачката повторно ја менува положбата на ништите со педалите, потоа ги трга брдилата кон себе си и ја набива преѓата. Потоа постапката се повторува. Кога ќе се исткае одредена количина ткаенина, истата се намотува на второто кросно.

Разбојот во македонското творештво[уреди | уреди извор]

Разбојот е честа тема во македонските народни песни:

  • Марие, дилбер бела Марие [1]
  • Те кажувает бре, Илиној моме [2]

Во гатанки:

  • Без вретено жица предит, без разбој платно ткајт и пак гол ојт. (Пајак)
  • Мртва кобила, живи црева. (Разбој)

Но и кај одредени автори:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]