Разбој (музички албум)
Изглед
Разбој - музички албум на македонскиот етно-музичар Драган Даутовски, објавен во 2008 година од издавачката куќа „DDQ“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Албумот содржи 14 песни:[1]
- Велигденско
- Доце, Доце
- Маце, Мацке
- Драчевско женско оро
- Дафино моме
- Невестинско
- Кучка Лилјана
- Кумановка
- Сплет
- Море расти, расти
- Гајдарско
- Ситна лиса
- Забеала калеш овца
- Јасна месечина
За албумот
[уреди | уреди извор]На албумот настапуваат: Драган Даутовски (тамбура, бас-тамбура и гајда), Ратко Даутовски (тапан), Бајса Арифовска (кавал, тамбура и гајда), Александра Поповска (вокал) и Марјан Јанковски (кавал и гајда). Драган Даутовски е извршен продуцент на албумот и аранжер на сите композиции; инженер на звукот е Братислав Зафировски, кој го направил и миксот, заедно со Драган Даутовски. Албумот е снимен во студиото „The Hidden Dragon“ во Скопје, во текот на 2006/2007 година. Дизајнот и ликовното уредување на албумот е дело на „New Moment New Ideas Company“.[2]