Бајса Арифовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бајса Арифовска
Роден 25 јануари 1978
Македонска Каменица, СФРЈ СФР Југославија, денес Македонија Македонија
Занимање музичар

Бајса Арифовска (ромски: Bajsa Arifovska; Кочани, 25 јануари 1978) — македонска музичарка, претставничка на новата генерација ромски и македонски музичари. Активно свири на преку 15 инструменти.

Животопис[уреди | уреди извор]

Арифовска е родена на 25 јануари 1978 во Кочани. Во младоста, нејзиното семејство често се селело, така што таа имала прилика да се зпаознае со фолклорот во повеќе краишта на Источна Македонија, особено во Малешевијата, Пијанец и Осоговијата. Исто така, во нејзиното семејство имало повеќе генрации музичари, кои свиреле на тапан и зурла. По завршувањето на основното образование во родниот град (1992), таа го продолжила школувањето во музичкото училиште во Штип, а во 1996 година се запишала на музичката академија во Скопје, каде студирала музичка теорија, виолина и пијано. Таму се запознала со професорот Драган Даутовски кај кого ги изучувала народните инструменти - кавал, гајда, тамбура и тапан и кој ја афирмирал во музичките кругови. По препорака на Даутовски, во 2000 година почнала да работи како професорка по народни инструменти во скопското музичко улилиште „„Илија Николовски Луј““.[1] Настапува дома и во странство.[2]

Музичко творештво[уреди | уреди извор]

Арифовска е мултиинструменталистка и свири на кавал, тапан, тарабука, кларинет, виолина, тамбура, а пишува и своја музика. Таа била членка на Драган Даутовски квартет и на „Танец“. Притоа, таа свирела на два албума на квартетот на Драган Даутовски - „Разбој“ (2008)[3] и „The Path of the Sun“ (2008).[4] Од 2003 година, Арифовска работи како аранжерка и диригентка на мандолински оркестар при ромскиот културен центар „Дархија“. Со овој оркестар таа одржала неколку турнеи низ Балканскиот Полуостров, а имала бројни настапи на Македонската телевизија. Исто така, таа самостојно учествувала во повеќе меѓународни музички проекти од областа на „светската музика“ (world music). Арифовска учествувала во снимањето на неколку музички албуми, а ја компонирала и музиката за балетот „Скршен сон“. Во 2013 година го објавила самостојниот албум „Macedonian Čalgija“ во издание на „Izvor Music“.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ДМБУЦ - Кадар
  2. Бајса Арифовска на концерт во Љубљана[мртва врска]
  3. Dragan Dautovski, Traditional Macedonian Music - Разбој. DDQ Music, 2008.
  4. Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.
  5. Bajsa Arifovska, Macedonian Čalgija. Izvor Music IZM106, 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]