The Path of the Sun (музички албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

The Path of the Sun - музички албум на квартетот на македонскиот етно-музичар Драган Даутовски, објавен во 2008 година од издавачката куќа „DDQ“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Албумот содржи девет песни:[1]

  1. Молитва
  2. Огледало
  3. Гороцвет
  4. Копнеж
  5. Месечина
  6. Патување
  7. Јано, Јано
  8. Балкан
  9. Наспроти ветрот

За албумот[уреди | уреди извор]

На албумот настапуваат: Драган Даутовски, Ратко Даутовски, Бајса Арифовска и Александра Поповска. Песните „Молитва“, „Огледало“, „Копнеж“ и „Месечина“ се народни во аранжман на Драган Даутовски, додека тој е композитор на останатите песни на албумот. Дарко Димитров е инженер на звукот, миксер и продуцент на албумот (заедно со Драган Даутовски). Албумот е снимен од 15 до 25 октомври 2001 година во Студио Димитрови во Скопје, една песна е снимена во студиото „Кларион“, а една е снимена во живо во Охрид, во август 2001 година. Дизајнот и ликовното уредување на албумот е дело на Билјана Кецман.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.
  2. Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.