Александра Поповска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александра Поповска
Родено имеАлександра Поповска
Роден(а)1975 (воз. 45–46 г.)
Србија, СФРЈ
ПотеклоМакедонија
ЖанровиВокална музика, Македонска фолк музика, Современа класична музика, Електроакустична музика, Џез, Поп
Занимањапејачка, композитор, професор, визуелен артист, настапувач/импровизатор
Инструментивокал, пијано, флејта
Период на активност1997–се уште
Издавачинезависна
СоработнициДраган Даутовски Квартет
Мреж. местоaleksandrapopovska.com

Александра Поповска (родена во 1975 година) — вокалистка, мултимедијална уметница, едукаторка и композиторка/импровизаторка, која моментално живее во Холандија. Порасната во поранешна Југославија, таа била изложена на широк спектар на културни влијанија. На Балканот е позната како една од пионерите во т.н. „проширени вокални техники“. Таа го користи својот глас како инструмент и нејзините интереси за музика се различни, од фолк и поп до џез и експериментална електронска музика во живо. Нејзиното слободно истражување на различни уметнички контексти ги проширува границите на жанровите. Фокусот на нејзината најнова работа е насочен кон нови вокални перформанси и создавање на аудио-визуелни дела.

Кариера[уреди | уреди извор]

90-тите години на минатиот век[уреди | уреди извор]

Александра дипломирала на Музичката Академија во Скопје во 1997 година. За време на студиите настапувала со женско вокално трио (Емилија Лале и Ана Костова) и соработувала како сесиски музичар со речиси сите активни македонски продуценти и композитори од тој период (Дарко Димитров, Кокан Димушевски, Валентино Скендеровски, Илија Пејоски, Кире Костов итн.) Учествувала на снимки од над дваесет ЦД-а во различни музички жанрови со македонски уметници како што се ТБ Трацери, Архангел, Каролина Гочева, Ерзана, Тоше Проески, Калиопи, Игор Џамбазов, Тијана Дапчевиќ, Врчак, Ребека, Биба Додева и Адријан Гаџа.

2000-тите[уреди | уреди извор]

Во 2000 година Александра станала главен вокал на квартетот Драган Даутовски[1], настапувајќи во повеќе од дваесет земји низ целиот свет. Квартетот главно се истакнувал по својот карактеристичен стил на музика, кој опфаќал сложени ритми и лирски пристап кон аранжманите на македонските народни мелодии. Издадоле неколку албуми и станале популарни во Македонија и на Балканот. Успехот на двата албума, The path of the sun и Разбој, предизвикал меѓународен интерес за нова македонска музика.

Холандски денови[уреди | уреди извор]

Од 2004 година, Поповска живее во Холандија. По завршувањето на музичкото образование во Холандија и Англија (музички перформанс, продукција, применета композиција и мултимедија), таа станала многу активна како мултимедијална уметница. Работејќи на повеќе мултидисциплинарни проекти како изведувачка, композиторка, продуцентка или концептуална дизајнерка, нејзините дела вклучуваат повеќе од 50 музички композиции во различни жанрови. Помали форми за различни инструментални/вокални солисти и групи, вклучително и употребата на електронски музички инструменти и компјутери се нејзин главен интерес. Неодамнешни дела вклучуваат музика компонирана за контекст, како што е медиумски перформанс, документарни филмови, анимација, музички театар, видео инсталации итн.

Визуелна уметност[уреди | уреди извор]

Александра Поповска е повеќе позната по нејзината кариера како музичар, а помалку како визуелен уметник. Нејзината колекција на слики се состои од повеќе од двеста парчиња разни уметнички дела (акрилни слики, цртежи, дигитални дела, рачно изработени предмети, фотографии). Од 2005 таа е поактивна во Холандија, претставувајќи ја својата уметност. Како дел од проектот „Покажи ја својата надеж“, нејзината слика „Приказна за полжавот“ го обиколила целиот свет.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Корени и цветови, 2000 година[2]
  • The path of the sun, 2002 година
  • Raam o Lash, Zoli Soos, 2005 година
  • Three voices од Morton Feldman, 2006 година
  • Flame 2014 година
  • And the moon shines on 2014 година

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Александра Поповска - глас што ги премостува далечините“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2020-11-01.
  2. „Портфолио на учесникот Александра Поповска“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-10-04.