Прејди на содржината

Ткаење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Основен принцип на ткаење — нишки на основата (вертикални) и на јатокот (хоризонтални)

Ткаење — технолошки процес на изработка на ткаенини со преплетување на два жичени системи. Едниот систем на жици се протега по должината на ткаенината и се нарекува основа, а другиот по ширината на ткаенината се нарекува јаток.

Со различно вкрстување на овие два системи, се создаваат ткаенини со различни својства, изглед и структура.[1]

Археологија

[уреди | уреди извор]
Ткаење во Стар Египет

Постојат некои показатели дека ткаењето било познато веќе во палеолитот, уште пред 27.000 години. Нејасен платнен отпечаток е пронајден во наоѓалиштето Долни Вештонице.[2] Според наодот, ткајачите од доцниот палеолит произведувале различни видови врвки, произведувале плетени кошници и софистицирани ткаенини. Артефактите вклучуваат отпечатоци во глина и изгорени остатоци од ткаенини.[3]

Најстарата позната ткаенина пронајдена во Америка се остатоци од шест ситно ткаенини и врвки пронајдени во Пештерата Гитареро, Перу. Ткаенините, изработени од растителни влакна, се датирани помеѓу 10.100 и 9080 година пр. н. е.[4][5]

Во 2013 година, парче ткаенина исткаено од коноп било пронајдено во гробот F. 7121 во наоѓалиштето Чаталхојук,[6] за кое се проценува дека е од околу 7000 г. пр. н. е.[7][8] Други наоди од неолитската цивилизација се пронајдени во наколни живеалишта во Швајцарија.[9]

Друг зачуван фрагмент од неолитот е пронајден во Фајум, на место датирано околу 5000 година пр. н. е.[10] Овој фрагмент е исткаен со околу 12 со 9 нишки по сантиметар во обичен ткаење. Ленот бил доминантното влакно во Египет во тоа време (3600 пр. н. е.) и имаше постојана популарност во Долината на Нил, иако волната станала примарното влакно што се користело во другите култури околу 2000 година пр. н. е.[11]

Најстарите познати ткаенини во Северна Америка потекнуваат од Археолошкото наоѓалиште Виндовер во Флорида. Овие ткаенини датираат од 4900 до 6500 г. пр. н. е., направени од растителни влакна, говорат дека виндоверскиот ловец-собирач произведувал „фино изработено“ испреплетено и обично ткаено платно.[12][13] Биле пронајдени осумдесет и седум парчиња ткаенина што се однесувале на 37 погребувања. Истражувачите идентификувале седум различни ткаења во ткаенините.[14] Еден вид ткаенина имал 10 нишки на сантиметар. Била пронајдена тркалезна торба направена од канап, како и матирање. Јатокот веројатно бил правен од палмини лисја кои се вообичаени во областа денес, а биле и пред 8.000 години.[15][16]

Доказ за ткаењето како комерцијална индустрија за домаќинство во историската област Македонија се пронајдени во наоѓалиштето Олинтус. Кога градот бил уништен од Филип II во 348 пр. н. е., во куќите биле зачувани артефакти. Разбојни тегови биле пронајдени во многу куќи, доволно за да се произведе ткаенина за да се задоволат потребите на домаќинството, но во некои од куќите имало повеќе разбојни тегови, доволно за комерцијално производство, а една од куќите била во непосредна близина на агора и содржела три продавници каде биле пронајдени многу монети. Веројатно е дека таквите домови се занимавале со комерцијално производство на ткаенини.[17]

Историја

[уреди | уреди извор]

Постојат различни претпоставки за тоа кога човекот почнал да ткае. Повеќето народни преданија ширум светот го поврзуваат потеклото на ткаењето со човечкото набљудување на природата и воочување на можноста за преплетување на гранки од дрвја или лисја од бамбус. Покрај тоа, легендите на многу култури го поврзуваат изумот на техниката на ткаење со почетокот на нивната сопствена историја. Асирците таа чест ѝ ја укажале на кралицата Семирамида, Египќаните на божицата Изида, која е претставена со совалка во раката или на главата, античките Грци на божицата Атина, а Римјаните на Минерва.[18]

Ткаење во Стар Египет

Создавањето ткаенини било возможно благодарение на два факти: пронаоѓање соодветни влакна и упредувањето на кратките влакна во нишки со помош на вретена.[19] Фрагменти од најрано изработени ткаенини, археолозите ги процениле како стари повеќе од 10000 години, т.е. дека датираат од неолитот и се пронајдени во Езерската област во Швајцарија.[20]

Со векови, жиците на основата се подигале со прсти, кревајќи ја секоја жица поединечно. Со воведувањето на еден вид штичка што овозможувала веднаш да се подигне група на жици од основата и на тој начин да се формира зев, процесот на ткаење бил значително подобрен, но сепак постојано се користела едната рака на ткајачот. За да може ткајачот да ги ослободи двете раце и да може да го користи совалката со навитканиот јаток, неопходно било да се откријат и применат тркалото и лостот[21], со што довело се овозможила изградба на современ разбој.

Разбоите што ги користиме денес се во суштина слични на оние од пред илјада години, а многу од денешните ткаенини се направени во структури стари илјадници години.

Првите и најстарите разбои биле вертикални. Ткајачите ги врзувале нишките од основата за греда или гранка, а на долните краеви на нишките врзувале камења (тегови) за да постигнат затегнатост на основата.

Тегови за ткаење (Музеј на керамиката во Атина)
Реконструкција на првобитниот разбој (Музеј на праисторијата во Милано)

Овој тип на разбој е присутен кај повеќето антички народи. Се среќава во Скандинавија, Стара Грција, Индија, Северна Америка (Индијанци), Пуебло Индијанци, Египет, Перу, итн. Софистицираните вертикални разбои сега се користат за изработка на таписерии, килими, теписи и простирки.[22] Подобрувањето на хоризонталниот рачен разбој било постепено. Најпрво бил дополнет со кросно за основата, кросно за ткаенината и брдо (Кина, 1500 - 1000 пр.н.е.), а потоа со ништи во кои основата била воведувана за да се формира зев. Разбојот со ништи претставувал голем чекор во развојот на ткаењето, бидејќи го овозможил првиот покомплексен модел на ткаенини во однос на релјефот, фигурацијата и бојата. Најстариот разбој со ништи датира од 400 година пр.н.е. (Кина).[23].

Експонат во Музејот на Војводина во Нови Сад

Подготовка за ткаење

[уреди | уреди извор]

Подготовка за ткаење вклучува подготовка на основата (сновење и воведување во разбојот) и подготовка на јатокот.

Подготовката на основата вклучува избор на предиво, техничка пресметка која го одредува бројот на жици на основата потребни за да се добие ткаенина со одредена ширина и должина. Точниот број на жици на основата се добива кога ширината на ткаенината изразена во cm се множи со бројот на жици на 1 cm, што зависи од густината (финост, нумерација) на брдото. Пресметувањето на должината на основата го подразбира збирот на саканата должина на ткаенината, процентот на вткаеност и потрошена основа за врзување на кросното за навивање на ткаенината. Дополнително, се одредува редоследот на боите на основните нишки, по што следи постапката на сновење.

Подготовка на јатокот вклучува избор на предиво и премотување на јатокот на совалка.[24]

Најчесто за основа се користи кончено предено, заради јачината и способноста да издржи големо триење и напрегнатост на жиците, а за јаток може да се користат најразлични материјали во согласност со саканите одлики на ткаенината. За ткаење се користи предено од влакна од растително потекло ( лен, коноп, сисал, рафија, памук); од животинско потекло (свила, волна, разни животински влакна); вештачки произведени влакна (органско потекло - целулоза и неорганско потекло - најлон, дралон, перлон, акрил).

Основни принципи на ткаење

[уреди | уреди извор]
Основа и јаток

Најважно за процесот на ткаење е жиците на основата да се држат оптегнати, така што да лежат во линија во една рамнина. Основните аспекти на рачното ткаење останаа непроменети до ден-денес. Со зголемената употреба на свила и памучно предено, постепено во употреба влегуваат две кросна (вратила) преку кои е намотана основата, која сега се поставува хоризонтално. На краевите на секое кросно е врзана врвца во облик на јамка. Едната јамка се врзана околу дрво, а другата околу половината на ткајачот. Со потпирањето назад на јамката или појасот, ткајачот ја затегнувал основата и ја менувал затегнатоста на жиците според негова желба.

Ткаење пончо во Мексико (околу 1914 година)

Пред ткаење на разбој со хоризонтално поставена основа, жиците на основата се поставуваат на основиното кросно (основна осовина), поминуваат преку основиниот мост (мост на основата) и помеѓу две шипки за вкрстување, па се воведуваат во ништите, брдото, и се врзуваат на ткаенинското кросно.[25]

Процесот на создавање ткаенина на разбојот вклучува низа континуирани дејства како што се: формирање зев (подигање и спуштање на ништите), провирање на јатокот низ отворениот зев, постепено затворање на зевот, набивање на јатокот со брдото до линијата на создадената ткаенина, намотување на новосоздадено парче ткаенина ткаенинското кросно и одмотување на основата од основиното кросно за онолку колку што е потрошено за време на процесот на ткаење.[26]

Преплетување на ткаенините

[уреди | уреди извор]
Различни геометриски дезени од Горен Египет, ткаени со техника и на рачни разбои кои не се променети од времето на Стариот Египет

Преплетите ја сочинуваат конструкцијата на ткаенината, т.е. тие го претставуваат начинот на вкрстување на основата и јатокот (нивната меѓусебна положба во ткаенината) и ја одредуваат конструкцијата на ткаениот материјал.[27] Освен тоа, покрај преденото што се користи за основа и јатокот, и преплетите, исто така, влијаат на изгледот и особините на ткаенината.

Преплетувањето се определува според големината на односот (R) на основата или јатокот, што претставува најмал број на различно поврзување на жици на основата на површината (лицето на ткаенината), може да се види кој систем е повеќе застапен, што го дефинира ткаењето како основино (доминантна основа), јаточно (доминантен јатокот) и еднакво (и двата системи се подеднакво застапени).[28]

Различни шеми на преплетување

Покрај оваа поделба, преплетите може да се поделат во пет различни групи, и тоа: основни (платно, кепер и атлас), изведени (рипс, панама, појачан, повеќекратен, скршен, одземен, мрежест, засенчен кепер), комбиниран, жаккар и сложени преплети.

Сите наведени преплетувања се графички прикажани на посебен тн. ткајачка хартија која се одликува со квадратна поделба, каде што вертикалните колони ја претставуваат основата, а хоризонталните колони - јатокот.

Цртањето на преплетите во ткајачката хартија се врши на одреден начин, така што местото каде што основата е на лицето на ткаенината се означува со полно поле или некој знак, додека местото на јатокот, на лицето на ткаенината, останува празна на цртежот.[29]

Различни дезени на ткаенини

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 19.
  2. >„Dolni Vestonice and Pavlov sites“. Donsmaps.com. Посетено на 26 April 2016.
  3. „BBC News - SCI/TECH - Woven cloth dates back 27,000 years“.
  4. Stacey, Kevin (13 April 2011). "Carbon dating identifies South America's oldest textiles" Архивирано на 10 април 2021 г.. University of Chicago Press Journals. Retrieved 6 October 2016.
  5. Jolie, Edward A.; Lynch, Thomas F.; Geib, Phil R.; Adovasio, J. M. (2011). „Cordage, Textiles, and the Late Pleistocene Peopling of the Andes“. Current Anthropology. 52 (2): 285–296. doi:10.1086/659336. S2CID 43570348.
  6. Hodder, Ian. „2013 Season Review“ (PDF). Çatal Newsletter. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 април 2015. Посетено на 7 февруари 2014. Занемарен непознатиот параметар |година= (help); Занемарен непознатиот параметар |страници= (help)
  7. Svoboda, Jiří; Králík, Miroslav; Čulíková, Věra; Hladilová, Šárka; Novák, Martin; Fišáková, Miriam Nývltová; Nývlt, Daniel; Zelinková, Michaela (1 January 1970). „Pavlov VI: an Upper Palaeolithic living unit | Miriam Nývltová Fišáková“. Antiquity. 83 (320): 282–295. doi:10.1017/S0003598X00098434. S2CID 56326310. Посетено на 26 April 2016 – преку Academia.edu.
  8. „Centuries-old fabric found in Çatalhöyük“. hurriyet daily news. 3 February 2014. Посетено на 7 February 2014.
  9. Barber, E. J. W. (1991). Prehistoric Textiles: The Development of Cloth in the Neolithic and Bronze Ages with Special Reference to the Aegean (англиски). Princeton University Press. стр. 97, 134. ISBN 978-0-691-00224-8. Посетено на 30 August 2019.
  10. „Woven linen“. University College London. 2003. Посетено на 19 March 2015.
  11. Catherine Breniquet,Cécile Michel. Wool Economy in the Ancient Near East and the Aegean. Wool Economy in the Ancient Near East and the Aegean: From the Beginnings of Sheep Husbandry to Institutional Textile Industry, 17, Oxbow Books, pp.1-11, 2014, Ancient Textiles Series, 9781782976318. https://shs.hal.science/halshs-01226052/document
  12. Spike, Tamara (July 2003). "Review of Doran, Glen H., ed. Windover: Multidisciplinary Investigations of an Early Archaic Florida Cemetery". H-Net Reviews. H. Florida. Retrieved 7 October 2016.
  13. Tyson, Peter (6 February 2006). "America's Bog People". NOVA. Retrieved 7 October 2016.
  14. Adovasio, J. M.; Andrews, R. L.; Hyland, D. C.; Illingworth, J. S. (2001). „Perishable Industries from the Windover Bog: An Unexpected Window into the Florida Archaic“. North American Archaeologist (англиски). 22 (1): 1–90. doi:10.2190/BX11-VDQY-LG5N-P94F. ISSN 0197-6931. S2CID 163978636.
  15. Brown, Robin C. (1994). Florida's First People: 12,000 Years of Human History. Sarasota, Florida: Pineapple Press. стр. 23. ISBN 1-56164-032-8.
  16. Milanich, Jerald T. (1994). Archaeology of Precolumbian Florida. Gainesville, Florida: University Press of Florida. стр. 74–75. ISBN 0-8130-1273-2.
  17. >Ault, Bradley A. (2011). Ancient Greek Houses and Households: Chronological, Regional, and Social Diversity. University of Pennsylvania Press. ISBN 978-0-8122-0443-8.
  18. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 11, 12
  19. https://www.knjizara.com/pdf/135146.pdf
  20. https://www.britishmuseum.org/pdf/BMTRB_5_Higgitt_et_al.pdf
  21. http://www.veljkomilkovic.com/Docs/Veljko_Milkovic_Moguc_izum_veci_od_tocka.pdf
  22. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 26.
  23. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 27.
  24. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 53.
  25. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 31.
  26. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 20.
  27. Samples, Figuratione, 1973 | Images | Objects | Collection of Cooper Hewitt, Smithsonian Design MuseumПредлошка:Ботовски наслов
  28. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 61.
  29. Миланка Николић, Стручна књига Београд ИД – 743621244160 pp. 62.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Уметност и техника ручног ткања Миланка Николић, Стручна књига Београд 1999 ИД – 743621244160
  • Living with Decorative Textiles, Nicholas Barnard, James Merrell, THAMES & HUDSON. 1995.  978-0-500-27821-5.
  • Weaving & spinning / Ručno tkanje (prevod i obrada Margareta Legaš) - Mladost Zagreb 1977. Weaving & spinning / [edited by Yvonne Deutch]. London [etc.] Marshall Cavendish. 1977.  978-0-525-70070-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]