Вретено (предење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предење со вретено (долу) и фурка (горе)

Вретено[1] – вид алатка на која при рачно предење се намотува преѓата. Предењето со помош на вретено и фурка е најстарата техника на предење која за предење на волна понекаде се задржала до ден-денес.

Опис[уреди | уреди извор]

Вретена

Вретеното е дрвено стапче долго околу 40 см, со најголем пречник од околу 1 см кое кон краевите конусно се стеснува во два врвови.

Со вретено можат да се испредат кратки влакна од волна, лен, коноп и памук во цврста и долга нишка – преѓа.

При предењето, очистената и влачената волна најпрво се врзува на фурката, а потоа предачката ја преде така што постепено со прстите извлекува влакна од фурката и со вртење на вретеното ги усукува во континуирана нишка и ја намотува на него.

За порамномерно и побрзо вртење на вретеното, на истото се додавал прешлен кој можел да биде фиксен или да се вади.

Историја[уреди | уреди извор]

Вретено од Стар Египет

Од праисторијата па сè до средниот век, предењето се вршело со користење само на две алатки, фурката и вретеното.

Најстарите докази за предењето датираат околу 5000 години п.н.е. Роданот, кој е измислен во Индија, во Европа дошол во средниот век и овозможил забрзување на процесот како и поголема рамномерност на преѓата.

Вретеното како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Песната на вретеното“ (Pjesma vretena) - песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ од 1918 година.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2003). Толковен речник на македонскиот јазик. I. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 309. ISBN 9989-640-49-1. Вретено
  2. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 174-175.