Прејди на содржината

Јаток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Основа (1) и јаток (2)

Јаток[1][2]конец, предено и сл. што се вткајува во основата при ткаење[3]. Јатокот се поставува по ширината на ткаењето. Заедно со основата ја формираат ткаенината.

При ткаењето јатокот се поставува на совалка која се „фрла“ низа „пазувата“ на основата од едната на другата страна на нишките, потоа се менува положбата на ништите (дел од разбојот низ кој се провлечени нишките и со кој тие се движат горе-долу при ткаењето), со брдилото се натиснува ткаеното и постапката се повторува.

Бидејќи јатокот не се оптегнува на разбојот вообичаено тој не е јак како основата. Се изработува од природни материјали волна, лен и памук, но и од синтетички материјали како најлон или вискоза.

Јатокот може да биде еднообразен, но исто така може да се разликува по боја или материјал од кој се добива, во зависност од тоа каква ткаенина треба да се добие.

  1. „јаток“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „јаток“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2005). Толковен речник на македонскиот јазик. II. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 433. ISBN 9989-640-64-5.

Поврзано

[уреди | уреди извор]