Основа (ткаење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Основа (1) и јаток (2)

Основа – надолжните нишки на кои се става јатокот[1]. Во завршената ткаенина нишките на основата се во правец на нејзината должина, а нишките на јатокот се попречно на нив.

Нишките од основата се користат во подготовката на процесот на ткаење, во т.н. „сновење“. Истите се распределуваат по целата должина и ширина на планираната ткаенина, потоа наснованите нишки се намотуваат на кросното распределени по целата планирана ширина на ткаенината. Секоја нишка поединечно се провлекува низ ништите и брдото и се врзува на второто кросно.

Во процесот на ткаење нишките на основата се изложени на поголеми механички товари од оние на јатокот, така што основата се изработува да биде цврста и отпорна на триење.

Основата може да биде еднообразна, но исто така може да се разликува по боја или материјал од кој се добива, во зависност од тоа каква ткаенина треба да се добие.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2006) (на македонски). Толковен речник на македонскиот јазик. III. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 566. ISBN 978-9989-640-70-4. 

Поврзано[уреди | уреди извор]