Прејди на содржината

Алва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алва
арапски: حلوى ḥalwá[1]
Алва од гриз
Дел од оброкотДесерт
Место на потеклоАвганистан, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бангладеш, Белорусија, Босна, Бугарија, Кина, Хрватска, Кипар, Египет, Грузија, Грција, Индија, Иран, Ирак, Израел, Јордан, Кенија, Литванија, Либија, Македонија, Малта, Молдавија, Пакистан, Палестина, Полска, Романија, Русија, Србија, Сомалија, Сирија, Турција и Украина.
Главни состојкиОд брашно: разни типови брашно и шеќер
Од сусам: таан и шеќер

Алва — вид слатко, кое постои во повеќе варијанти низ Блискиот Исток, Јужна Азија, Средна Азија, Западна Азија, Кавказот, Северна Африка, Балканот, Средна Европа, Источна Европа, Малта и низ еврејската дијаспора. Идентични слатки постојат и во други земји, како Кина, иако не се нарекуваат како „алва“.

Во суштина може да има два вида:

Засновани на брашно
овој вид на алва е малку желатинизирана и се прави од брашно, вообичаено гриз.
Засновани на таан
овој вид на алва е трошлив и се прави од таан (паста од сусам) или други путери, како сончогледово семе.

Алвата исто така, може да биде врз основа на разни други состојки, вклучително грав, леќа, и зеленчук како моркови, тикви, компир.[2]

Може да се чува на собна температура со мал ризик за расипување. Меѓутоа, во летните месеци, најдобро е да биде чувана во фрижидер.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Зборот алва постои во речиси сите јазици и потекнува од турскиот збор helva кој е преземен од арапскиот حلوى ḥalwá, слатка.  Арапскиот корен حلو ḥelw значи "благ".[1] Во западниот свет, зборот за првпат се појавил во речникот помеѓу 1840 и 1850, при допир со јудиш зборот ''halva''.

Алва од пченично брашно од Салем

Повеќето видови алва се релативно густи засладени со шеќер или мед. Нивните текстури се различни. На пример, алвите од гриз се желатинозни и проѕирни, додека алвите од сусам (таан) се посуви, потврди и се ронат.

Од брашно

[уреди | уреди извор]

Овој тип на алва се прави со пржење на брашно (на пример гриз) во масло со постојано мешање а потоа му се додава шербет. Ваква алва е популарна во ИндијаГрцијаЕрменијаИранАзербејџанТурцијаСомалијаПакистан и Авганистан.

Турска алва врз основа на брашно

Овој тип на алва се прави и се служи во ИндијаАвганистанНепалПакистан и околните земји (различни верзии има во АлбанијаАзербејџанБангладешБугаријаКипарГрција, Црна ГораМакедонија и Турција). Обично се приготвува со гриз, со шеќер[3] или мед, со путер или со растително масло. На алвата од гриз честопати ѝ се додава суво грозје, урми, други сушено овошје или јаткасти плодови, како бадеми или ореви. Алвата е многу блага, со желатинозна текстура слична на палента. Стандардните пропорции за гриз алва се: еден дел масло (растително масло или путер), два дела гриз, два дела засладувач (шеќер или мед), и четири дела вода. Во Македонија оваа алва, освен другите називи согласно регионот, честопати се нарекува Алва 1234[4] токму поради начинот на подготовка. Гризот (2) се запржува во маслото (1), додека шербетот е направен со шеќерот (3) и водата (4). Потоа тој полека се додава додека се меша внимателно па според вкус се додаваат дополнителните состојки. Алвата е со светло беж боја и доста мека. Во зависност од рецептот и од вкусот, може да се готви и понатаму, при што станува потемна и поцврста.

Во Индија, алвата од гриз (suji) се подготвува во разни форми. Во рецептот се користи брашно, растопен и процеден путер (ghee), шеќер и багремова гума (гума арабика, познат како динка, гонд или камарка). Алвата се прави во разни бои: портокалова, кафена, зелена и бела, проѕирна е и во неа се става суво грозје, кашу ореви, фстаци, бадеми, итн. Во Индија со гриз се приготвува и една друга популарна слатка која се нарекува кесари (kesari) која потекнува од државата Карнатака.

Други популарни рецепти за алви во Индија и Пакистан се оние на основа на зеленчук во кои наместо гриз се употребува репа, компири, сладок компир и најчесто моркови (познат рецепт е: gajar halwa), златниот грав (moong dal halwa), или тиква (doodi halwa). Ваква алва се подготвува со кондензирано млеко и процеден путер.

Алвата од густин е популарна во Грција и има многу варијанти. Најпознат е рецептот за фарсала[5] Оваа алва има желатинска структура, многу е блага и полиена е со сируп од карамела.

Оризово брашно

[уреди | уреди извор]

Алвата од оризово брашно и кокосово млеко е популарна во Занзибар.

Таан алва со фстаци

Овој тип на алва се прави со мелење на маслодајни семки, како сусам или сончоглед. Добиената смеса налик на паста позната како таан потоа се меша со врел шербет. Ваков тип на алва е популарен кај источно арапските нации, на Средоземното Море и во Балканските региони и земји. Земјите каде е популарна таан-алвата се Босна и ХерцеговинаХрватскаРоманијаСрбијаМакедонија, Црна ГораБугаријаРусијаГрција, БангладешКипарЕгипетИракИранЛевантАлбанија, Средна Азија, Јужна ИндијаКавкаскиот регион и Турција.  Исто така е популарна во Алжир и на Малта.

Алвата од сусам е популарна на Балканот, Полска, Блискиот Исток, како и други области околу Средоземното Море. Основните состојки во овој производ се путерот од сусам (таан), и шеќерот (гликоза или мед)[6] Сапуника[7][8](на арапски; erq ал halaweh, на турски јазик; çöven), белка од јајце, или слезов корен се додаваат во некои рецепти за да се стабилизира смесата или да се создаде препознатлива текстура на алвата. Во Кина, верзија на алва од сусам, наречена сусам бонбони (кинески: 芝麻酥糖) се прави со мелен сусам и со шеќер. Овој колач е многу потврд од другите алви. Други состојки и ароми, како што се фстаци, ореви, какао во прав, сок од портокал, ванила или чоколадо, честопати се додаваат на основната таан алва.

Сончоглед

[уреди | уреди извор]
Сончогледова алва

Сончогледовата алва е многу популарна во земјите на Источна Европа, вклучително БелорусијаБугаријаРоманијаМолдавијаЛатвијаЛитванијаЕстонијаРусија и Украина, како и други поранешни земји на СССР. Алвата се прави од сончогледово семе наместо сусам.

Други видови

[уреди | уреди извор]

Ќетен-алва

[уреди | уреди извор]
Ќетен алва од Турција

Пишманија (турски: Pişmaniye) или ќетен алва е традиционална слатка, што се прави во Турција[9]. Се прави првенствено од пченично брашно и шеќер. При подготвување на алвата се добиваат „конци“ кои потоа се мотаат во топчеста форма. Алвата е со светла доследност, налик на шеќерен памук. Конец алвата ја има во стандарден вкус или е со вкус на фстаци а постојат брендови со халал или кошер сертификати.

Слична верзија на пишманија на основа на фстак е многу популарна во Северна Индија. Таа е малку поцврста и се нарекува патиса (patisa) или соан папди (sohan papdi)[10]. Во кинеската кујна, таква слатка слична на пишманија е позната како змејова брада[11], кој се јаде како оброк или десерт.

Неприготвена верзија на алва исто така стана популарна кај застапниците на сурова храна. Во оваа верзија, мешавина од таан, сурови бадеми, суровини како нектар од агава и сол се мешаат а потоа се замрзнуваат за да се стегне добиената смеса.[12]

Културна примена

[уреди | уреди извор]

Алва на сите јазици звучи слично. Некои од транслитерациите вклучуваат ħelwa (малтешки), xalwo (сомалиски), halvah (хебрејски), halwa или halwi (арапски), helva (турски), chałwa (полски), и halva (англиски). Зборот алва потекнува од арапскиот збор halwa.[13]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]
Струмичка бела алва послужена на Тримери (фестивалот под маски)

Во Македонија, алвата може да се сретне во повеќе варијанти. Во домашни услови се подготвува алва од гриз. Популарен рецепт од гриз е алвата 1234. Се подготвува со масло (најчесто растително), гриз, вода и шеќер. Зависно од регионите истата се нарекува невестинска или старинска алва. Во минатото ваквата алва била неизбежен дел од свадбите и другите прослави. Измирската алва[14] донесена од Измир, Турција, е чоколаден тип на алва направена од брашно, какао, шеќер и кикиритки. Оваа алва се нарекува и црна алва и најчесто се приготвува во домашни услови. Таан-алвата е најмногу распространета, додека најпопуларна е алвата од Неготино.

Во другите земји

[уреди | уреди извор]

Албанија

[уреди | уреди извор]

Алва (hallvë на албански јазик), обично се јаде како десерт. Во поголем дел алвата во Албанија е врз основа на брашно, иако дома сварената гриз алва и таан-алвата од продавница, исто така се консумираат. Најчесто се користи пченично брашно, иако пченкарната алва е честа појава.

Аргентина

[уреди | уреди извор]

Алвата ја има и во Аргентина, особено кај производители од сириско-либанско или ерменско потекло. Во 1940 година, замена за алва со име Mantecol направена со путер од кикиритки ја вовела една фирма на грчко имигрантско семејството. Тоа станало популарен производ а во 2001 година, брендот бил продаден на глобалната фирма Кадбери Швепс, кои го измениле рецептот. Георгалос сега го произведува оригиналниот производ под името Нукрем (Nucrem). И двете верзии се достапни во продавниците за слатки и во супермаркетите. 

Азербејџан

[уреди | уреди извор]

Во Баку, "алвата" е во турски стил (таан-алва). Најпознатата регионална варијанта е од Шеки. Шекиската алва (Şəki halvası)[15] е слоевита алва налик на баклава тесто исполнето со зачинети јаткасти плодови прелиена со сируп од шафран, сушен морков и репа.[16][17] Во Кабала можно е да се најде алвата шабалид (şabalıd halvasını), вид на мека алва направена од шеќер и костени.

Продажба на алва на мерење на пазарот Махнех Јехуда

Во Бахреин, најпопуларна форма на алва е желатинска во соседните земји позната како Бахреинска алва (halwa Bahraini). Бахреинската алва не потекнува од Бахреин туку од Занзибар. Била воведена во земјата благодарение на трговијата, а се популаризирала пред околу 150 години. Истата е врз основа на густин.[18] Во Кувајт алвата се нарекува рахаш (rahash).

Бангладеш

[уреди | уреди извор]

Разни видови на алва (бенгалски: হালুয়া) се подготвуваат низ Бангладеш и Западен Бенгал. Некои од најчестите видови на алва вклучуваат гриз (гриз алва), наут (путер алва), брашно (атар алва), бадеми (бадем алва), и папаја (пепер алва). Алвата обично се јаде како богат десерт, но не е невообичаено да се јаде и за доручек со традиционален леб.

Босна и Херцеговина

[уреди | уреди извор]

Алвата многу ја има и во Босна и Херцеговина и е достапна во различни форми и вкусови.

Во Бразил, кој е дом на најголемата сириско-либанска популација надвор од Блискиот Исток, обична и чоколадна таан алва може да се најде во лименки во некои супермаркети, додека подобрите видови се продаваат во специјализирани продавници.

Бугарија

[уреди | уреди извор]

Во Бугарија, терминот алва (бугарски: халва) се користи за неколку варијанти на десерт. Таан-алвата е најпопуларна и може да се најде во сите продавници. Два различни типа на таан алва се прават – една со сончогледов таан и друга со сусамов таан. Традиционално, регионите на Јабланица и Хасково се познати по нивната алва. Алвата од гриз (бугарски: грис халва) се прави дома и може да се најде само во некои продавници. Белата алва (бугарски: бяла халва), направена од шеќер е многу популарна на последната недела пред Големиот велигденски пост (бугарски: Сирни заговезни), се слави со обичаи - на конец се врзува парче бела алва и сите деца, додека стојат во круг со устата треба да го фатат парчето алва кое се врти.

Хрватска

[уреди | уреди извор]
Текстура на карачи алва од Пакистан со кешу ореви

Алвата е слатка која се консумира во некои делови на Хрватска. Не е невообичаено да се најде во пределите на Славонија, Кордун, Лика и Барања или региони што биле во контакт со Отоманското Царство. Алвата е особено популарна во Славонија во текот на прославите (kirvaj) и локалните црковни панаѓури .

Алва техинија (حلاوة طحينية) или само алва е популарен производ во Египет на основа на сусам која може да е обична, со ореви (често фстаци), или со чоколадо. Алвата се продава на големи парчиња и се сече за мерење (обично 1/4 или 1/2 кг). Помалку е застапена кончестата алва (halawa shaar -حلاوة شعر).

Грција и Кипар

[уреди | уреди извор]

Алвата во Грција и Кипар е многу популарна и направена е или од таан или од гриз. Таан-алва може да се најде во обична форма (обично зачинета со ванила) или со јаткасти плодови (главно бадеми или кикирики). Терминот "таан" има блискоисточно потекло, но се прави со сусам, а слатката од сусам+мед сладок се правеле уште од Минојската ера. Алва со вкус на како и мед исто така постои. Алвата фарсала (χαλβάς Φαρσάλων) е карамелизирана верзија на гриз-алва направена од густин која потекнува од градот Фарсала, јужно од Лариса. Алвата генерално се консумира низ целата година, но особено за време на велигденските пости.

Индиска алва вклучително sooji halva (ромб), chana halva (светли кругови), и gajar halva (темни кругови)

Различни видови на алва од Индија се разликуваат по регион и по состојките од кои се подготвени.[19] Во северниот дел на Индија, најпознатата е алвата од гриз (suji)[20] алвата од пченица (aate), алвата од златен грав[21], од морков[22] која традиционално му припаѓа на Пенџаб и се нарекува гајрела (gajrela)[23] дуди алва (dudhi), алва од наут (chana daal halwa), сатијанарајан алвата (satyanarayan halwa - варијација на суџи алвата со гриз со таа разлика што во оваа се додава банана), и кашу алвата која во неа содржи индиски орев (kaju ). 

Во индиската држава Керала, алвата е една од најчестите и препознатливи слатки во пекарниците. Градот Кожикоде (на англиски: Каликат) во Керала, е познат по неговата уникатна и егзотична алва (haluva), која е популарно позната како кожикоданска алва (коzhikodan haluva). Значајното арапско и блискоисточно влијание во овој регион, античките трговски патишта преку Арапското Море и арапските трговци кои се населиле тука, придонеле да се развие кожикоданската алва. Европејците кожикоданската алва ја нарекувале 'слатко месо' поради нејзината текстура[24]. Улицата во Каликат каде се продавала алвата се нарекувала Слаткомесна улица (или накратко, С.М улица)[25] за време на колонијалното владеење. Кожикоданската алва најчесто се прави од мајда (maida - рафинирана пченица) и постои во различни вкусови, како банана, путер, кокос, кашу, урма, кокос, ананас итн.[26] Црната алва (karutha haluva) направена од ориз е исто така многу популарна. 

Градот Тирунелвели, во државата Тамил Наду, е познат по неговата уникатна и егзотична алва (haluva), која е популарно позната како тирунелвелиска алва. Значајно за нејзиниот вкус е дека оваа алва се прави од пченично брашно.

Иранска алва

Ардех е ирански термин за таан-алва и истата е со фстаци. Ардех е обработен сусам во вид на паста, обично засладен со сируп. Во Иран, со алва (حلوا) обично се нарекува слатката направена од пченично брашно и путер и зачинет со роза вода.Рецепт Конечниот производ има темнокафеава боја. Алвата се става во тенок слој на чинија додека да се исуши. Алвата обично се сервира на погреби и други формални церемонии, озгора посипана со бадеми или со кокос.

Една варијација од Каспискиот регион на Гилан се нарекува асали алва (asali ). Различна е од другите видови алва подготвени во Иран, бидејќи во основа е од оризово брашно, наместо гриз, и се засладува со мед наместо со шеќер. Во Иран, алва исто така се јаде и за појадок. Во Техеран се користи стопено чоколадо и кафе за да ѝ се даде вкус на алвата, која е со црна или темнокафеава боја боја. Ваква алва се служи во џамиите или на гробот на некој покојник.

Алва изложена во Маркет Махан Џехуда во Ерусалим.

Таан-алвата (חלבה) е многу популарна во Израел и кај еврејскиот народ од целиот свет.[27][28] Ја има во широк спектар на вкусови, честопати со чоколадо и со ванила. Израелската алва обично не се прави со пченично брашно или со гриз, туку со сусамов таан, шеќер, гликоза, ванила и сапунка (saponaria officinalis), што обично го нема во други рецепти. Се служи како дел од појадокот во некои израелски хотели, иако тоа вообичаено не е дел од израелскиот појадок, и се користи во специјалитети од сладоледи[29].

Либан, Сирија, Ирак, Јордан и Палестина

[уреди | уреди извор]

Во регионот Левант, кој ги вклучува и Израел, Либан, Сирија, Ирак, Јордани Палестина, алвата (арап. حلاوة) обично,е основа на сусам или таан и со вкус на фстаци, бадеми или чоколадо. Либан и Палестина се големи извозници на алва во светот. 

Либија и Тунис

[уреди | уреди извор]

Во Либија и Тунис, познатата алва нарекува шамија (halwa shamiya - на арапски: حلوى شامية)[30]

Литванија, Латвија и Естонија

[уреди | уреди извор]

Во Балтичкиот регион алвата е закуска која се продава спакувана во мали пакувања (70-150 грама). Повеќето популарни алви се направени од семки од сончоглед или од кикиритки.

Во Малта алвата е со фстаци или бадеми (ħelwa tal-Tork). Тоа е дел од малтешката кујна, и е вообичаена закуска на островите, особено послужена на крајот на свадбените прослави и за време на празници.

Во Мјанмар постои бурманската алва која обично содржи афионово семе (познато како мак) и истата е со кафеава боја. Се дава честопати како подарок.

Во Оман, локалните алви се направени од јајца, црвен и бел шеќер, пченкарно брашно и масти. Најпопуларните омански варијации се направени или со шафран и сушено овошје, или со урми. Алвата е чест деликатес кој се служи со арапско кафе на фестивали и специјални прилики.

Пакистан

[уреди | уреди извор]
Пакистанска сохан алва (sohan halwa)

Алвата во Пакистан е слична на онаа во Индија, се разликуваат според регионот и состојки. Најчести се оние направен од гриз, процеден путер и шеќер, гарнирани со сушено овошје и ореви. Други видови на алва гризот го заменуваат со одреден зеленчук (морков, тиква, се најпопуларните), леќата (особено, наут) или плодови (бадеми, ореви). Различни региони се поврзани со особен вид на традиционална алва: на пример сохан алва од Јужниот дел на Пенџаб, и карачи алва од Карачи, Синд. На урду, зборот алва حلوہ означува одредени слатки од персиски потекло и Јужна Азија.

Алвата (полски: chałwa) во Полска е врз основа на сусам. Обично не се прави дома, туку се купува. Тоа е популарна слатка за сите возрасти на полскиот народ и се смета за здрава алтернатива на другите слатки. Во полската алва нема други вкусови со тоа што рецептот во голема мера се потпира на вкусот на сусамот.

Романија и Молдавија

[уреди | уреди извор]

Во Романија и Молдавија, терминот алва се користи за сите слатки врз основа на сончоглед. Слатките понекогаш содржат фстаци, бадеми или чоколадо. Алвата во Молдавија, најчесто е răsărită; во Романија, е позната како алва floarea soarelui.

Русија и Белорусија

[уреди | уреди извор]
Руска алва покриена со чоколадо

Алвата (халва) во Русија дошла од Средна Азија. Ја има во колачи, вафли (со или без чоколадо, со ореви или со семки) и денес истата е широко распространета.

Алвата во Србија, врз основа на гриз е наречена ќетен алва (ћетен алва) а онаа со сусам се нарекува тан алва (тан алва) или техен алва (техен алва). Алвата е заедничка слатка за целиот балкански регион а во Србија е типична слатка на локалните црковни панаѓури. Таан-алвата се увезува најчесто од Грција или од Македонија и често се наоѓа во српските супермаркети. Во Србија на 2000-тите, алвата ја губи својата популарност за други видови на слатки и кондиторски производи и станува се поретка.

Сомалија

[уреди | уреди извор]

Во Сомалија, алва е познат како xalwo или halwo. Се служи во специјални прилики, како што се свадби и други свечености. Алвата се прави од шеќер, густин, кардамом во прав, морско оревче во прав и процеден путер (ги). Кикирики понекогаш се додаваат за да се подобри текстурата и вкусот

Шри Ланка

[уреди | уреди извор]

Алвата (aluwa) е слатка направени од брашно или ориз, компири и шеќер (seeni aluwa) или меласа (pani aluwa) и честопати и со кашу ореви. Таа се служи за време на прославата и фестивалот за Нова година во месец април.

Таџикистан и Узбекистан

[уреди | уреди извор]

Мека сусам алва се прави од шербет, жолчки и сусам. Тврда сусам алва се прави со тегнење шеќер. Шеќерот се тегне за да се добие бела боја. Сусамот се додава на топлиот шеќер и се формираат големи коцки. Во Таџикистан, како и во Узбекистан, локалното име за алвата е lavz (лавз)[31]

Таан-алвата (Yaz helvası) се прави од таан со бадем или со орев. Гриз алвата се подготвува а традиционално и алвата од брашно (un helvası) која се служи на погреби. Некои слатки и десерти исто така се нарекуваат алва, како што се памучна алва (pamuk helva) или пак коз алва (koz helva), слатка како десерт која е широко распространета во Турција. Исто така оваа алва се нарекува и "лист-алва". Асирците исто така, консумираат турска алва како традиционален десерт.

Културолошки наводи

[уреди | уреди извор]
  • Во АвганистанТурција и Иран, по погребната церемонија, на седмиот и четириесеттиот ден по смртта на некој муслиман, а и на првата годишнина, гриз алва или алва од брашно се дели на посетителите, соседите и на роднините на умрениот.
  • Во Македонија, Босна, Србија и други земји од Балканот често се користи јазичен израз: „Оди како алва“ за да се изрази добрата продажба на некој вид производ.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Halvah, Random House Dictionary, 2009
  2. Davidson, Alan (1999). The Oxford Companion to Food. Oxford: Oxford University press. стр. xx + 892. ISBN 0-19-211579-0.
  3. Tremblay, Pinar (May 18, 2015). „Semolina halva unites Turks in times of joy, sorrow“. Al Monitor.
  4. „Мојата алва 1,2,3,4 (посно)“. Moirecepti. Посетено на 2017-11-20.
  5. „Farsala Halva“. www.elia.bg. Посетено на 2017-11-20.
  6. „Sesame Halva recipe“. Архивирано од изворникот на 2012-09-29. Посетено на 2017-11-20.
  7. Arndt, Alice (1999). Seasoning Savvy: How to Cook with Herbs, Spices, and Other Flavorings. Taylor & Francis. стр. 215. ISBN 978-1-56022-031-2.
  8. Halva Ethnological Museum of Thrace Архивирано на 3 јули 2007 г.
  9. 'Pişmaniye' Is Turkey's Cotton Candy“. The Spruce. Посетено на 2017-11-20.
  10. „Soan Papdi Recipe - How To Make Son Papri - How To Prepare Soan Papri Recipe“. www.indobase.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-12-04. Посетено на 2017-11-20.
  11. „Do-It-Yourself Dragon's Beard Candy“. Instructables.com (англиски). Посетено на 2017-11-20.
  12. Matt., Amsden (2006). RAWvolution : gourmet living cuisine (1. изд.). New York: Regan Books. ISBN 9780060843182. OCLC 65302415.
  13. „Halva - Etymology“. www.liquisearch.com. Посетено на 2017-11-20.
  14. „Измирска алва“. Moirecepti. Посетено на 2017-11-20.
  15. „şəki halvası - Google галерија“. www.google.com. Посетено на 2017-11-20.
  16. How to make Sheki Halva, and its folk history
  17. Sheki Halva recipe (in Azerbaijani)
  18. „Halwa Bahraini - Authentic Recipe | 196 flavors“. 196 flavors (англиски). 2014-03-26. Посетено на 2017-11-20.
  19. Bahadur, Om Lata (1996). The book of Hindu festivals and ceremonies (3. изд.). New Delhi: UBS Publishers Distributors ltd. стр. 172. ISBN 81-86112-23-5.
  20. IndiaSnacks.com. „Suji Halva (Semolina Halva) Recipe | IndiaSnacks.com“. www.indiasnacks.com. Посетено на 2017-11-20.
  21. Moong dal ka halva recipe,
  22. Carrot Halwa or Carrot-Milk Concoction
  23. Gajar halwa video demonstration
  24. „The Fascinating Story of Halwa and Its Different Types - Badam, Gajar, Dal & Lauki“. NDTV Food. Посетено на 2017-11-20.
  25. „kozhikodan halwa - Picture of S.M. Street, Kozhikode - TripAdvisor“. www.tripadvisor.com. Посетено на 2017-11-20.
  26. „Kozhikodan Halwa Traditional Kozhikode Halwa - Recipe of Kozhikodan Halwa Kerala“. Just Kerala (англиски). Посетено на 2017-11-20.
  27. Marks, Gil (1996). The World of Jewish Cooking. Simon & Schuster. стр. 210. ISBN 978-0-684-82491-8.
  28. Ha'aretz Online: Four stops for Halva
  29. Ha'aretz Online: The Ice Man Cometh
  30. „hackwriters.com - Halvah, Helva heaven with David Russell“. www.hackwriters.com. Посетено на 2017-10-25.
  31. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-01-13. Посетено на 2017-11-20.