Суво грозје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суво грозје од различно грозје
Златно суво грозје (султана)

Суво грозје — исушени гроздови зрна што се добиваат од посебни сорти грозје без семки. Сувото грозје се прави во многу области во светот и може да се јаде сирово или да се користи при готвење и печење.

Сорти[уреди | уреди извор]

Калифорниско суво грозје без семки лево и занте карентс десно, заедно со метрички линијар за споредба.

Сортите суво грозје зависат од видот на грозјето и се појавуваат во различни големини и бои, вклучувајќи зелена, црна, кафеава, виолетова, сина и жолта. Вообичаено се користат сорти без семки како султана (обичниот американски вид е познат како Thompson Seedless во Соединетите Држави), занте карентс (црно коринтско суво грозје, Vitis vinifera L. var. Apyrena) [1] и пламено грозје. Сувото грозје традиционално се суши на сонце, но може да биде дехидрирано и вештачки.

„Златното суво грозје“ обично се суши во дехидратори со контролирана температура и влажност, што им овозможува да задржат посветла боја и повеќе влага. По сушењето често се обработуваат со сулфур диоксид.

Обработка[уреди | уреди извор]

Сушење суво грозје во Гата де Горгос, видео од Валенсискиот музеј за етнологија.

Сувото грозје се произведува комерцијално со сушење на собраните зрна од грозје. За да се исуши бобинката од грозје, водата во грозјето мора целосно да се отстрани од внатрешноста на ќелиите на површината на грозјето каде што капките вода можат да испарат.[2] Меѓутоа, оваа постапка на дифузија е многу тешка бидејќи кората од грозје содржи восок во својата кутикула, што спречува водата да помине низ неа.[2] Дополнително на ова, физичките и хемиските механизми кои се наоѓаат на надворешните слоеви на грозјето се приспособени за да ја спречат загубата на вода. Трите чекори за комерцијално производство на суво грозје вклучуваат постапки на претсушење, сушење и постсушење.[2]

Претсушење[уреди | уреди извор]

Претсушењето е неопходен чекор во производството на суво грозје за да се обезбеди зголемена стапка на отстранување на водата за време на постапката на сушење.[2] Побрзата стапка на отстранување на водата ја намалува стапката на кафеава боја и помага да се произведе пожелно суво грозје.[2] Историскиот метод за завршување на оваа постапка бил развиен во Средоземјето и Мала Азија со користење на сува емулзија за ладно натопување направена од калиум карбонат и етил естри на масни киселини. Се покажало дека ова натопување ја зголемува стапката на загуба на вода за два до три пати.[3]

Неодамна, биле развиени нови методи како што се изложување на грозјето на маслени емулзии или разредени алкални раствори. Овие методи може да поттикнат пренос на вода на надворешната површина на грозјето што помага да се зголеми ефикасноста на постапката за сушење.[2]

Сушење[уреди | уреди извор]

Речиси спремно суво грозје во Калифорнија
Суво грозје, без семки
Хранлива вредност на 100 г
Енергија299 kcal (1,250 kJ)
79,3 g
Шеќери65,2 g
Влакна4,5 g
0.25 g
3,3 g
Витамини
Тиамин 1)
(9 %)
0,106 мг
Рибофлавин 2)
(10 %)
0,125 мг
Ниацин 3)
(5 %)
0,766 мг
Пантот. кис. 5)
(2 %)
0,095 мг
Витамин Б6
(13 %)
0,174 мг
Фолна кис. 9)
(1 %)
5 μг
Холин
(2 %)
11,1 мг
Витамин Ц
(3 %)
2,3 мг
Витамин Е
(1 %)
0,12 мг
Витамин К
(3 %)
3,5 мг
Минерали
Калциум
(6 %)
62 мг
Бакар
(14 %)
0,27 мг
Железо
(14 %)
1,8 мг
Магнезиум
(10 %)
36 мг
Фосфор
(14 %)
98 мг
Калиум
(16 %)
744 мг
Селен
(1 %)
0,6 μг
Натриум
(2 %)
26 мг
Цинк
(4 %)
0,36 мг
Други состојки
Вода15,5 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Постојат три вида методи на сушење: сушење на сонце, сушење во сенка и механичко сушење.[2] Сушењето на сонце е евтина постапка, меѓутоа може да дојде до загадување на животната средина, зарази од инсекти и микробно влошување, а добиеното суво грозје често е со низок квалитет. Дополнително, сушењето на сонце е многу бавна постапка и можеби нема да вроди со квалитетно суво грозје.[2]

Механичкото сушење може да се изведе во побезбедна и поконтролирана средина каде што е загарантирано брзо сушење. Еден вид на механичко сушење е користење на микробранова печка. Молекулите на водата во грозјето ја впиваат микробрановата енергија што доведува до брзо испарување. Греењето во микробранова печка често дава подуено суво грозје.[2]

Постапки за постсушење[уреди | уреди извор]

По завршувањето на постапката за сушење, сувото грозје се носи во погони за преработка каде што се чисти со вода за да се отстранат сите туѓи предмети што можеби останале во него за време на постапка на сушење.[2] Се отстрануваат дршките од зрната како и неквалитетните зрна. Постапката на миење може да предизвика рехидратација, така што се применува уште еден чекор на сушење по миењето за да се осигура дека додадената влага е отстранета.[2]

Квалитетот на сувото грозје зависи од секој чекор во производството. Понекогаш,се нанесува сулфур диоксид на сувото грозје по предобработкат и пред сушењето за да се намали стапката на заруменување предизвикана од реакцијата помеѓу полифенол оксидазата и фенолните соединенија. Сулфур диоксидот, исто така, помага да се зачува вкусот и да се спречи губењето на одредени витамини за време на постапката на сушење.

Производство[уреди | уреди извор]

Светското производство на суво грозје во 2020-2021 година изнесувало 1,2 милиони тони, а најголеми производители се Турција, САД, Иран и Индија.[4]

Состав[уреди | уреди извор]

Сувото грозје е 15 % вода, 79 % јаглени хидрати (вклучувајќи 4 % прехранбени влакна), 3 % белковини и содржи занемарлива количина масти (табела). Во референтна количина од 100 грама, сувото грозје обезбедува 299 килокалории и умерени количини (од 10 до 19 % ДВ) од дневната вредност за неколку минерали во исхраната, рибофлавин и витамин Б6 (табела).

Токсичност кај животните[уреди | уреди извор]

Сувото грозје може да предизвика бубрежна слабост и кај мачките и кај кучињата. Причината за ова не е позната.[5]

Антиоксидантска активност[уреди | уреди извор]

Бидејќи не постои апсолутна мерка за проценка на антиоксидантскиот потенцијал на соединението, мора да се користат споредбени процени со други соединенија.

Скалата ORAC се заснова на способноста на антиоксидантот да го заштити распаѓањето на флуоресценцијата на флуоресцеинот во присуство на оксидант, AAPH (пероксилен радикал).

ORAC антиоксидантна активност на различни растенија,
(преземено од табелата на USDA Nutrient Data Laboratory[6])
Потрошен дел Растенија (научно име) Просечен ORAC
(μmol TE/100 g)
Грозје црно, свежо Vitis vinifera 1.746
Lyciet (гоџи) Lycium barbarum 3.290
Суво грозје (без семки) Vitis vinifera 3.406
Урма, деглет нур Phoenix dactilifera 3.895
Јаболко, црвено делишес,
сурово, со кожа
Malus pumila 4.275
Суви сливи Prunus domestica 8.059
Златно суво грозје
(без семе)
Vitis vinifera 10.450

Антиоксидантното делување на сувото грозје е поголемо од она на свежото грозје поради концентрацијата на полифеноли произведени при дехидрацијата. И неверојатно високиот резултат ORAC на златното грозје се должи на употребата на сулфур диоксид Предлошка:Fchim кој ги инактивира полифенол оксидазите, но истиот има токсиколошки недостатоци.

Галерија[уреди | уреди извор]

Продажба на суво грозје на пазарот Хари Баоли, Делхи

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Harper, Douglas. „raisin“. Online Etymology Dictionary.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Esmaiili, M.; Sotudeh-Gharebagh, R.; Cronin, K.; Mousavi, M. A. E.; Rezazadeh, G. (2007). „Grape Drying: A Review“. Food Reviews International. 23 (3): 257. doi:10.1080/87559120701418335.
  3. Christensen, L.P., and Peacock, W.L. (20 April 2013) "The Raisin Drying Process" Архивирано на 12 јуни 2013 г.. Raisin Production Manual, University of California at Davis.
  4. „Estimated world raisin/sultana/currant production 2020–2021“. International Nut and Dried Fruit Council. 24 February 2021. Посетено на 12 December 2021.
  5. DiBartola, Stephen P. (2012). Fluid, electrolyte, and acid-base disorders in small animal practice (4th. изд.). St. Louis, Mo.: Saunders/Elsevier. стр. 155. ISBN 978-1-4377-0654-3.
  6. просечни вкупни вредности на ORAC преземени од табела Предлошка:Веб-врска
    Скалата ORAC мери одреден тип на антиоксидантна активност со некои недостатоци, види Предлошка:Веб врска.