Кутикула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Врз надворешните клеточни ѕидови на епидермалните клетки со наслојување на кутин се образува посебен компактен слој наречен кутикула. Овој процес се вика кутинизација. Дебелината и составот на кутикулата влијаат врз интензитетот на фотосинтезата и транспирацјата. Кутикулата го обложува листот од надворешната страна, но е пропустлива за сончевите зраци кои преку неа продираат до сите клетки на листот.

  • Кај растенијата хелиофити кои живеат на отворени и добро освтелени места листовите имаат дебела кутикула збогатена со восочни наслаги или густи влакненца.
  • Кај растенијата скиофити кои живеат во слабо осветлени места, листовите се покриени со потенка кутикула.
  • Кај растенијата хигрофити кои живеат во места со повисока влажност листовите имаат слабо развиена кутикула.
  • Кај растенијата ксерофити кои живеат во сушни предели лисјата се со дебела кутикула, восочни наслаги и влакненца.

Кожата кај некои животни содава и творби како што се : - кутикула , хитин , стргунки и влакна Некои кожни клетки излачуваат посебни материи кои на површината на телото образуваат заштитен слој наречен кутикула.