Флија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флија

Флија или филија — пита која се подготвува на традиционален начин својствен за жителите на Косово. Се подготвува слично како тестото за палачинки, а филот е од кајмак или други млечни производи. Питата под вршникот се пече околу три часа. Филија може да се испече и во шпорет, само е важно тепсијата да се постави високо, веднаш под грејачот.[1]

Се прави така што се замесува тесто од брашно, сол и вода. Тестото се става на претходно загреан подмачкан плех, рамномерно се распоредува и се пече додека не порумени. Секој дел од тестото, кој се реди еден врз друг, се премачкува со филот. Секој слој од тестото се пече посебно, еден по друг, како што се редат. [2] Флијата се состои од осум слоеви на тесто. [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kosovska filija - recept“. Samo lepa sećanja. 15. 1. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Ukusna pita flija“. www.trt.net.tr.
  3. ukusa, Stvar (19. 12. 2017). „Flija, kososvski tradicionalni specijalitet (VIDEO/RECEPT)“. stvarukusa. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]