Фустан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Антоанета во балски фустан

Фустан е парче облекување, кој обично го носат жените и девојчињата. Должината на фустанот варира во зависност од модата и приликата. Може да биде долг до под или кратка над колена. Изгледот на фустанот се менувал во текот на историјата.[1] Постојат многу различни форми на фустани.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Старите Римјани носеле долен фустан, туника и горен фустан, тога. Со текот на времето фустаните станале посложени и пораскошни. Во градовите модните промени биле почести, додека на село луѓето носеле народна носија. Постоеле фустани за секојдневно носење и фустани за свечени прилики, кои биле пораскошни. Во минатото главни материјали за изработка на фустани биле: лен, коноп, [[памук],волна и свила. Се до модерното време се носеле исклучитело долги фустани, оние до под или долги до зглобот . Исто така се до околу 1800 година жените не носеле панталони, туку носеле фустани и здолништа. За време на барокот, се носеле отмени фустани со кринолин и корсети. Во поново време се појавиле нови материјали за изработка на фустани, нови форми и кроеви на фустани.

Видови на фустани[уреди | уреди извор]

  • Венчален фустан или венчаница е долг, обично бел фустан кој го облекува невестата за венчавка.
  • Мал црн фустан е краток, непретенциозен вечерен или коктел фустан, кој го лансирала модната креаторка Коко Шанел.
  • Матурски фустан е свечан фустан, кој девојките го облекуваат за матура.
  • Коктел фустан е фустан предвиден за неформални прилики како на пример забава.
  • Фустан за бал се носи за посебно свечани прилики како на пример балови.
  • Вечерен фустан за вечерни и ноќни излегувања.
  • Бизнис фустан се облекува за деловни и службени прилики.
  • Летен фустан е неформален, лесен фустан кој се носи преку лето.
  • Редовнички фустан или хабит кој го носат редовниците и редовничките.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Davis, Michael (2007). Art of dress designing (1st издание). Delhi: Global Media. ISBN 81-904575-7-8. 
  2. Condra, Jill (на en). The Greenwood Encyclopedia of Clothing Through World History: 1801 to the present. Greenwood Publishing Group. стр. 59. ISBN 9780313336652. https://books.google.co.uk/books?id=q6FI2czFz6MC&pg=PA59. 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]