Здолниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Здолниште

Здолниште — долен дел од облеката кој денес најчесто го носат жените. Здолништата имаат конусен облик, се носат околу струкот и покриваат дел или цели нозе. Здолништата најверојатно се користеле уште од праисторијата кога облеката не се разликувала меѓу мажите и жените. Познати се машките здолништа, килтови, кои се носат во Шкотска и Ирска.

Еволуција на здолништето, Хари Џулиус, 1916


Поделба на здолништата по должина[уреди | уреди извор]

Низ историјата здолништата најчесто биле долги за што ни сведочат слики, книги и фотографии, сè додека не дошол XX век кој донел револуција во нашето поимање за должината на здолништата и фустаните.

Податотека:Panelled Lehenga.jpg

Долго здолниште е она кое достига до подот или скоро до подот


Здолниште до глуждовите или „макси“ — поим кој настанал во 1960-тите години


Здолниште до средината на листот или „миди“, поим кој настанал во 1970-тите години


Мини е здолниште со раб над колена и под средината на бедрото, изумот често ѝ се припишува на велшкиот моден творец Мери Квант.


Микроздолништето е екстремно кратко мини здолниште, од шорцот се разликува по тоа што здолништето по средината нема спој.