Прејди на содржината

Салеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пијалак салеп.
Сладолед-сендвич од млеко, јајца, шеќер, шафран, салеп и розова вода

Салеп (турски: salep, sahlep; персиски: ثعلب, saalab; арапски: سحلب, saḥlab; албански: salep; азерски: səhləb; хебрејски: סַחְלֶבּּ, sahlev; грчки: σαλέπι, salepi; српски, македонски, бугарски и босански: салеп, salep) е брашно од кртолата на орхидеја од видовите Orchis mascula и Orchis militaris). Содржи хранливи материи, скроб полисахарид наречен гликоманан. Брашното салеп се користи за пијалаци и десерти, посебно во земјите кои биле дел од Отоманското Царство.