Босилек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Босилек
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Мртвокопривовидни
Фамилија: Мртви коприви
Род: Босилек
Вид: Сладок босилек
Биномен назив
Ocimum basilicum
L.

Босилек или босилок (науч. Ocimum basilicum) — растение од фамилијата мртви коприви (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.

Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.

Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς - „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.

Забрзана снимка на растот на босилекот

Здравствени дејства[уреди]

Во последно време има многу истражувања за дејството на есенцијалните масла во босилекот. Научните студии утврдиле дека состојките на маслото од босилек имаат силно антиоксидантно својство, според тоа делува против стареење, против рак, вируси и микроби.[1][2][3][4]

Покрај тоа, босилекот го намалува таложењето на плочкасти клетки кај глувците, што значи дека можеби делува и против артериосклерозата.[5] Во Индија, босилекот традиционално се користи како дополнителен лек против стрес, астма и дијабетес.[6]

Од друга страна, познато е дека босилекот содржи естрагол кој е познат канцероген кај глувците, но дејството кај човекот сѐ уште не е познато.[7]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Bozin B, Mimica-Dukic N, Simin N, Anackov G (March 2006). „Characterization of the volatile composition of essential oils of some lamiaceae spices and the antimicrobial and antioxidant activities of the entire oils“. „J. Agric. Food Chem.“ 54 (5): 1822–8. doi:10.1021/jf051922u. PMID 16506839. 
  2. Chiang LC, Ng LT, Cheng PW, Chiang W, Lin CC (October 2005). „Antiviral activities of extracts and selected pure constituents of Ocimum basilicum“. „Clin. Exp. Pharmacol. Physiol.“ 32 (10): 811–6. doi:10.1111/j.1440-1681.2005.04270.x. PMID 16173941. 
  3. de Almeida I, Alviano DS, Vieira DP, et al (July 2007). „Antigiardial activity of Ocimum basilicum essential oil“. „Parasitol. Res.“ 101 (2): 443–52. doi:10.1007/s00436-007-0502-2. PMID 17342533. 
  4. Manosroi J, Dhumtanom P, Manosroi A (April 2006). „Anti-proliferative activity of essential oil extracted from Thai medicinal plants on KB and P388 cell lines“. „Cancer Lett.“ 235 (1): 114–20. doi:10.1016/j.canlet.2005.04.021. PMID 15979235. 
  5. Tohti I, Tursun M, Umar A, Turdi S, Imin H, Moore N (2006). „Aqueous extracts of Ocimum basilicum L. (sweet basil) decrease platelet aggregation induced by ADP and thrombin in vitro and rats arterio--venous shunt thrombosis in vivo“. „Thromb. Res.“ 118 (6): 733–9. doi:10.1016/j.thromres.2005.12.011. PMID 16469363. 
  6. Duke, James A.. „Basil as the Holy Hindu Highness“. doi:10.1089/act.2008.14101. http://www.liebertonline.com/doi/pdfplus/10.1089/act.2008.14101. конс. 10 мај 2008. 
  7. EMEA (3 март 2004). „Position Paper on the use of HMP containing estragole“ (PDF). стр. 5. http://www.emea.europa.eu/pdfs/human/hmpwp/033803en.pdf. конс. 17 ноември 2006. 

Надворешни врски[уреди]