Јосиф Багери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јосиф Јован Багери (албански: Josif Jovan Bageri; с. Нистрово, Горна Река, Гостиварско, 1870Приштина, 1916) бил католички свештеник, еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на XX век.[1] Го уредувал списанието „Shqypja e shqypnis“ во Софија, Бугарија. Во почетокот на 20 век активно учествувал во просветувањето на албанското население во реканскиот регион и пошироко. Како културен и просветителски деец, дејствувал во Софија, Дебар, Скопје, Драч и во Приштина, каде се упокоил во 1916 година.[2] Во негова чест, една дебарска улица го носи неговото име[3], а додека според проектот Скопје 2014 на мостот „Око“ треба да се изгради негов споменик.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bigorski Naučno-kulturni sobiri 1976-1977, Misla. Skopje, 1978, str.138
  2. Avzi Mustafa, Figura mёsuesish shqiptarё, Tetovё, 1995
  3. „Албански имиња на дебарските улици, мостови и населби“. Дневник. Посетено на 29 мај 2010.
  4. „Споменици на Багери, Приштина и Аголи во Центар“. Нова Македонија. 27 февруари 2010. Посетено на 29 мај 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]