Спиридон Гопчевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спиридон Гопчевиќ
Роден(а)9 јули 1855(1855-07-09)
Трст, Австриско Царство
Починал(а)1928
Виена, Австрија
Полињаастрономија

Спиридон Гопчевиќ, со псевдоним Лео Бренер (српски: Спиридон Гопчевић; 9 јули 1855 – 1928) бил српски историчар, астроном, воен известувач, полиглот и писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

„Уште, морам да забележам дека кај нас има луѓе кои не се занесени, ни за Србија, ни за Бугарија, ни за Грција, туку сонуваат за некоја самостојна држава. Тие не сакаат да знаат за Грците, оти самите се Словени, неќат ни за Србите, бидејќи за нив не се грижат, а ни за Бугарите, бидејќи нивниот јазик им е непознат или веќе им омразело постојаното истакнување на панбугарската идеја. Но, бројот на овие „самостојници“ е уште незначителен.“
Спиридон Гопчевиќ, Стара Србија и Македонија, 1890

Како доброволец бил учесник во Херцеговското востание (1875) и во Црногорско-турската војна (1876), а потоа стапил во српска дипломатска служба како аташе во Берлин (1886-1887) и во Виена (1887-1890). Автор е на повеќе публицистички дела од современата балканска историја, се занимавал со астрономија (од 1893), пишувал романи, драми, новели и песни. Како историчар и публицист, објавил голем број дела на германски јазик, но поради недостигот на соодветно стручно образование, нема критички метод во истражувањето и тие биле сфаќани како израз на големосрпската пропаганда. Во недостигна други изворни материјали, неговите книги на времето биле користени како историски извор и за етнографијата на Македонија.

Во негова чест, еден кратер на Месечинатa е наречен Бренер.