Шербет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шербет (или шербе) е топол освежувачки безалхоколен пијалак сличен како чај или медовина. Се прави така што печениот шеќер се прелива со студена вода, а потоа се вари додека да зоврие. Самиот поим доаѓа од турскиот збор „şerbet“.

Шербетот во нашите краишта дошол од арапските земји и Турција. Ппкрај спомнатите земији овој напиток се користи и во: Србија, Бугарија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Шербетот се користи како напиток или како прелив за некои колачи. При подготвувањето на прелив за колачи, на шербетот може да му се додаде масло, мед, ванилин шеќер или сок од лимoн.

Прелив сличен на шербетот се користи и за: тулумби, татлии, туфахии или баклава.

Шербетчија е личност која продава од голем карактеристичен бокал.