Медовина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шведска медовина со мирис на боз

Медовинаалкохолен пијалак од мед, сличен на вино[1]. Медовината се добива со ферментација на мед со вода, понекогаш со додавање разни овошја, зачини, зрна и семе[2][3][4]. Содржината на алкохол може да биде од 3,5% до повеќе од 20%. Основната карактеристика што ја дефинира медовината е дека најголемиот дел од ферментираниот шеќер на пијалакот се добива од мед[5]. Медовината може да биде газирана или природно пенлива, да биде сува, полуслатка или слатка[6].

Медовината во старо време се давала на војниците, кои со неа ги посипувале раните верувајќи дека ќе бидат побрзо излекувани.

Медовината била повеќе од пијалак, како вино, се верувало во нејзината магиска моќ на ревитализација и лековитост, медовина се сметала како еликсир за долг живот. Луѓето верувале дека со пиејќи ја ќе станат бесмртни.

Се верувало дека медовината ја зголемува машкоста и плодноста, а во тоа, како и во секој мит и легенда, има вистина, бидејќи медовина е богата со витамин Б и амино-киселини кои ја стимулираат изградбата на протеинот кој делува на издржливост.

Историја[уреди | уреди извор]

Медовината е еден од најстарите алкохолни пијалаци кој гo открил човекот. Медот како основна суровина бил лесно достапен во природата, се користел за исхрана, и со текот на времето бил додаван на различни пијалаци и на тој начин е создадена медовина. Медовина се добива со алкохолна ферментација на раствор на природен мед, а процесот со кој се добива е ист како и во производство на вино. Според некои испитувања медовината содржи околу 13% алкохол, 5% екстракт и 0,17% минерални соли. Може да се произведува како алкохолен и безалкохолен пијалак, со пријатна арома и вкус. Медовината не е вештачки пијалак, туку таа е природен производ сличен на виното, бидејќи основни состојки се мед, односно грозјето, под влијание на алкохолна ферментација, се претвораат во алкохол и јаглероден диоксид. Како што кај виното вкусот и квалитетот зависат од сортите на грозјето и неговите својства, така и квалитетот на медовината зависи од видот на медот и начинот на неговото производство и староста.

Медовината е пијалак за кој се тврди дека ја поправа крвната слика, го зајакнува организмот, го подобрува апетитот и го забавува стареењето. Во старите добри времиња тајната на среќниот брак се криела во алкохолниот пијалак, животот бил многу поедноставен, а тајната на среќниот брак била во обичниот алкохолен пијалак базиран на медот.

Само венчани брачни двојки биле нудени да пијат медовина секоја вечер полни месец дена по стапување во брак. Плодот на тој рецепт во брачниот период што сè уште се нарекува меден месец, ќе се покажел девет месеци подоцна.

Начин на подготовка[уреди | уреди извор]

Во чиста вода се раствора медот и се вари на огнот додека да проврие. Се остава да врие неколку минути. Мора да се меша да не дојде до таложење на медот. По варењето растворот мора да се олади, а потоа да се истура во буре. Садовите не смеат да бидат целосно затворени бидејќи се создава притисок за време на ферментацијата. Процесот на ферментација трае до месец дена. Односот на водата и медот не е строго определен, но треба да се внимава растворот да биде добро засладен.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Медовина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. http://www.yourdictionary.com/mead
  3. Beer is produced by the fermentation of grain, but grain can be used in mead provided it is strained off immediately. As long as the primary substance fermented is still honey, the drink is still mead.Fitch, Edward (1990). Rites of Odin. St. Paul, Minnesota: Llewellyn Worldwide. стр. 290. ISBN 9780875422244. https://books.google.com/?id=Kg8nObaAZMEC&printsec=frontcover#v=onepage&q&f=false. 
  4. Hops are better known as the bitter ingredient of beer. However, they have also been used in mead both ancient and in modern times. The Legend of Frithiof mentions hops: Mohnike, G.C.F. (September 1828 – January 1829 г). Tegner's Legend of Frithiof. „The Foreign Quarterly Review“ (London: Treuttel and Würtz, Treuttel, Jun and Richter) том  III. „He next ... bids ... Halfdan recollect ... that to produce mead hops must be mingled with the honey;“.  That this formula is still in use is shown by the recipe for "Real Monastery Mead" in Molokhovets, Elena (1998). Classic Russian Cooking. Joyce Stetson (trans.). Indiana University Press. стр. 474. ISBN 0-253-21210-3. https://books.google.com/?id=ttlCGJxfLRUC&printsec=frontcover#v=onepage&q&f=false. 
  5. Gayre, Robert (1986). Brewing Mead. Brewers Publications. стр. 158. ISBN 0-937381-00-4. https://books.google.com/books/about/Brewing_mead.html?id=vyFHAAAAYAAJ. „...Therefore to our synopsis: Mead is the general name for all drinks made of honey.“ 
  6. Rose, Anthony H. (1977). Alcoholic Beverages. Michigan: Academic Press. стр. 413.