Меден месец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Меден месец или свадбено патување — пaтyвање на младенците, организирано набрзо по свадбата.[1]

Медениот месец се поврзува со егзотични места, романтичен поглед на зајдисонце, луксузни хотели и сето останато што може да разгали и да го направи одморот поубав и поопуштен. Едно рано упатување на меден месец е во Поновениот закон 24:5 „Кога мажот е скоро оженет, тој не треба да оди во воени експедиции, ниту да се упатува на која било јавна должност. Тој ќе биде ослободен една година за добро на својата фамилија и ќе ѝ донесе радост на сопругата во бракот.“

Во западната култура, обичајот младенците да одат на одмор заедно настанал во почетокот на 19 век во Велика Британија. Паровите од погорните класи оделе во посета на роднини кои не биле во можност да присуствуваат на венчавката. Праксата наскоро се проширила на целиот европски континент. Најпопуларната дестинација за меден месец е францускара ривиера и Италија, а посебно туристички места и романтични градови како што се Рим, Верона или Венеција. Типичното брачно патување би почнало во ноќта после венчавката. Меѓутоа, во 21 век многу парови не ги напуштаат гостите, па патуваат 2-3 дена после свечаноста и приемот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ЗАШТО СЕ КАЖЕ: Медени месец“. ЦАРС. конс. 31. 1. 2019.