ОУ „Стојан Бурчевски“ - Иванковци

Од Википедија — слободната енциклопедија
ООУ„Стојан Бурчевски“

Место
Општина: Велес
Нас. место: Иванковци
Адреса: с.Иванковци
Местоположба
Основни информации
Контактни информации
Мреж. место http://stojanburcevski.simplesite.com/439412264

„Стојан Бурчевски“основно училиште во Иванковци, Општина Велес[1].

Развоен пат на училиштето[уреди | уреди извор]

ООУ„Стојан Бурчевски Буридан„ с.Иванковци е формирано во 1945 година од страна на општинскиот одбор на општина Отовица околија Велес.Тоа бил почеток на развојот на воспитно - образовната установа. Развојниот пат на училиштето може да се каже дека минува низ четири етапи и тоа: првата од 1945 - 1955 година, втората од 1955 - 1963 година, третата од 1963 - 1991 година и четвртата од 1991 година па до денес.Во првата етапа од 1945 во училиштето има четири училници, една сала и станови за двајца учители. Училиштето е градено од страна на жителите на месното население. Во учебната 1949-50 година, училиштето е именувано како народно основно училиште. Наставата се реализирала на два јазика-македонски и турски од прво до седмо одделение .Вкупниот број на ученици бил 332 од кои Македонци 71, Турци 250. Во 1950 год. училиштето го носи името ШЕСРАК, учеле вкупно 287 ученика од кои 82 Македонци, а Турци 205 ученика. Наставата се реализирала на македонски и турски јазик. Во учебната 1952-53 година училиштето го добило името Народно основно училиште КАРДИШЛИК БИРЧИК” во кои учеле 243 ученика од кои наставата се изведувала на македонски и турски јазик сè до 1955/56 година со вработени 13 учители 7 помошен персонал. Прв управител на училиштето била Вангелија Горгиова. Од 1956/57 година училиштето го добива името „Стојан Бурчевски Буридан„ како четиригодишно училиште. Учениците учеле во четири паралелки две македонски и две турски. Во училиштето предавале двајца училители -Турци, а на македонски една бугарка и еден Македонец. Од 1957/58 година во училиштето се изведува настава само на македонски јазик. Во 1958/59 година во училиштето е формирана и работи една ученичка задруга и библиотека со 400 книги. Од 1960/61 год. прераснува во општинско основно училиште, односно е именувано како осмолетка со подрачните училиште во Џидимирци, Рудник, Ветерско, Сопот, Отовица, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Кумарино и Крушје. Од 1961 објектот претрпел повеќе промени. Од 1996 до 2009 година училиштето во Иванковци се реновираше и опременуваше со техничка опрема. Во 2011 година училиштето било целосно опожарено, но тоа продолжило да функционира во модуларно училиште со 4 училници и работа во две смени. Во 2017 година се гради уште едно училиште со 4 училници.

ООУ„Стојан Бурчевски Буридан“ опфаќа широко рурално подрачје (оддалечено едно од друго населено место и до 10 км. а од градот Велес - 20 км.) кое ги прибира сите обврзници за редовно деветгодишно основно образование од населените места: с.Иванковци, с.Мамутчево, с. Кумарино, с.Сојаклари и с. Отовица. Модуларното училиште во ООУ„Стојан Бурчевски Буридан“во с.Иванковци изградено после пожарот (15.06.2011 год). Во ова училиште настава посетуваат ученици само од населеното место Иванковци кое работи во две смени. Располага со четири училници, опремено со мебел, две канцеларии, две WC простории, просторија за остава и просторија за парен котел. Една училница е опремена со 10 компјутери и наставата по ИКТ се реализира по сите наставни предмети.

Подрачни училишта[уреди | уреди извор]

ООУ„Стојан Бурчевски Буридан“ воспитно - образовната работа ја организира и реализира и во следниве подрачни училишта.

Подрачното училиште во с. Сојаклари ги опфаќа учениците од Сојаклари, Мамутчево и Отовица. Од сите населени места до училиштето е организиран превоз за сите ученици. Во него во моментов работи една комбинирана паралелка со 4 одделенија и 4 чисти паралелки од VI до IX одд. Селото е оддалечено 12 км.од Велес и е поврзано со асфалтен пат. [4]

Подрачното училиште во с. Мамутчево работи во објект изграден во 2001 година и наставата се одвива во современи услови. Во него се образуваат ученици до петто одделение во една комбинирана паралелка само од ова населено место. Подрачното училиште во Мамутчево се наоѓа во непосредна близина на магистралниот пат Велес-Штип и е оддалечено од градот 13 км.

Подрачното училиште во село Отовица ги опфаќа учениците само од тоа населено место. Истото се наоѓа во непосредна близина на езерото Младост и е оддалечено од градот 10 км. Основното училиште во Отовица од 2012 год.работи во ново модуларно училиште со современи услови за работа. Во него се школуваат ученици до петто одделение во две комбинирани паралелки.

Зградата на подрачното училиште до V одделение во село Мамутчево

Проекти[уреди | уреди извор]

Училиштето е вклучено во поголем број проекти:

  • Еко проект
    • Предавање за отпад и справување со отпад
    • Собирање на пластика и нејзино складирање
    • Засадување на дрвја

Еко химна

Погледни насекаде смет

нема веќе птици во лет.

Нема здив, сметот ме гуши

во градина дрво се суши.

Замисли подобар свет,

замисли дрвја со цвет

замисли воздух чист

замисли пролетен лист.

Екологисти, кренете глас!

Сега е време во овој час

земјата наша бара спас

за подобар свет, за сите нас.

Проект МИО[уреди | уреди извор]

Во месец ноември 2016 година, тимот на МИО при ООУ “Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци - ПУ.с. Сујаклари реализира заедничка работилница  во соработка со парнерското училиште „Васил Главинов“ ПУ. с.Бузалково  по повод 13 Ноември Ден на љубезноста  - Реализирани беа следниве работилници: Литературна, креативна и ликовна на тема „Убавиот збор, железни врати отвора“. Заедничка активност во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, помеѓу ООУ„Васил Главинов“, ПУ с.Бузалково и ООУ„Стојан Бурчевски-Буридан“ од с.Иванковци.

Вело Проект[уреди | уреди извор]

Обем и разновидност на планираните и реализираните воннаставни активности[уреди | уреди извор]

Училиштето планира и реализира разновидни воннаставни активности што ги одразуваат потребите и интересите на учениците и служат за поддршка на нивните лични интереси, да се истакнат во одделни области, без оглед на успехот кој го постигнуваат во учењето. Училиштето планира и реализира ученички екскурзии, приредби, посети на музеи, натпревари и др. Учениците учествуваат на разни конкурси и натпревари и постигнуваат солидни резултати преку кои го афирмираат училиштето. Има примери на постигнати високи резултати на училишни натпревари од различни области и на различно ниво. Опфатеност на учениците со воннаставните активности Најголем број од учениците се вклучени во вонаставните активности без разлика на нивниот пол, етничка припадност и социјално потекло. Вклученост на учениците во изборот на воннаставните активности Учениците делумно се вклучуваат во подготвувањата на програмите за воннаставните активности, а наставниците имаат улога на координатори и организатори на овие активности. Афирмирање на учениците и училиштето преку воннаставните активности Ангажираноста на учениците во воннаставните активности се истакнува на фејсбук страната на училиштето, мрежното место на училиштето и на општината.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]