Петре Трајковски
Изглед
Петре Трајковски | ||
Роден | 1921 година Летевци, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | мај, 1945 година Призрен, Косово | |
Почивалиште | Гробиштата во Летевци | |
Националност | Македонец |
Петре Лазов Трајковски ( 1921 Летевци, Скопско ― 1945 во Призрен, Косово) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. [1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнува од крајно сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија, во септември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, во чиј состав водел тешки борби против балистите кај Матка. На 13 ноември 1944 година, бил учесник во ослободувањето на Скопје. Загинал во несреќен случај, во почетокот на мај 1945 година кај Призрен. Бил закопан во Призрен, но во 1946 година неговите посмртни останки биле пренесени на гробиштата во неговото родно село.[1]