Црква „Вознесение Христово“ - Кожле
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Свети Спас | |
Црквата „Свети Спас“ во селото Кожле | |
Македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Местоположба | |
---|---|
Населено место | Кожле |
Општина | Петровец |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 1847 |
Архитектонски опис | |
Портал „МПЦ“ |
Вознесение Христово или Свети Спас — македонски православен храм во селото Кожле во околината на градот Скопје. Сместена е во дабова шума, недалеку од последните селски куќи во југоисточен правец. Изградбата на црквата датира од 1847 година[1], за што сведочи и архитектонскиот изглед. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески со карактеристична техника на цртање за средината на XIX век. Непосредно околу црквата во дабовата шума се наоѓаат селските гробишта, каде што се наоѓа и гробот на македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски. Во негова чест во дворот на црквата се одржуваат поетски читања.