Ангелко Василевски
Изглед
| Ангелко Василевски | ||
| Роден | 1924 Кожле, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 1944 Скопско, ДФ Македонија, ДФЈ | |
Ангелко Блажев Василевски ( 1924 во Кожле — 1944 во Скопско) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил само основно училиште. Се занимавал со земјоделство, но поради неплодноста на земјата, со семејството се преселил во село 'Ржаничино и таму живеел сè до одењето во армијата. Во септември 1944 година се приклучил во Осмата македонска ударна бригада со која заминал кон Тетово, каде учествувал во дејствијата за конечното ликвидирање на балистичките банди. По извесен период се вратик и работел во Скопје. Загинал во несреќен случај, во ноември 1944 година, при уништување на заостанати мини. Бил погребан во ’Ржаничино, Скопско.