Прејди на содржината

Вељо Манчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вељо Манчевски
Роден 17 април 1905
Броштица, Косовски Вилает, Отоманско Царство
Починал 23 мај 1962
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец-Југословен
Народност Македонец
Занимање свештеник

Вељо Манчевски (роден на 17 април 1905 година во село Броштица - починал на 23 мај 1962 година во Скопје) — македонски свештеник, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и делегат на АСНОМ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

По окупацијата во текот на 1941, како свештено лице се вклучил во НОВ. Од ноември 1943 година, тој бил назначен за верски референт при ГШ на НОВ и ПОМ и ја организирал првата црковна општина на слободната територија во Дебрца. Го свикал Првиот свештенички собор на 24 октомври 1943 година, во село Издеглавје, Дебрца. Бил затворен од албанските квислиншки власти (1944). По излегувањето од затвор, тој стапил во единиците на НОВ И ПОМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Манчевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 914. Text "series " ignored (help)