Дебарска Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дебарско Поле)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења на поимот Дебар видете на појаснителната страница

Дебарска Котлина или Дебарско Полекотлина на крајниот западен дел на Македонија во поречјето на Црн Дрим и Радика, помеѓу планините Крчин од исток, Стогово од југоисток и Јабланица од запад.[1] Котлината целосно не се наоѓа на територијата на Македонија, а сообраќајно е доста изолирана. Сообраќајно со другите делови комуницира преку тесните и длабоки клисури на Радика и Црн Дрим. Зафаќа површина од 973 км², од која над 80% се наоѓа на надморска височина од 750 до 2.200 м. Дебарската Котлина е настаната со тектонските радијални движења во олигоценот и миоценот со алпското набирање. Таа е спуштена по должината на два раседи со различен правец на протегање: Косоврашки си–јз и Банишкиот сз–ји. По должината на овие два раседи се јавуваат термални извори на кои се изградени двете познати бањи. Во плиоценот котлината била исполнета со вода и претворена во езеро. Дното на котлината претставува брановидна рамнина со височина од 620 – 650 м исполнета со квартерни и плиоцени седименти.[2] Развиена е градската населба Дебар.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. Стојмилов, Физичка географија на Р. Македонија, ПМФ, Скопје, 2003
  2. Филиповски, Ѓорѓи; Р. Ризовски (1996). Карактеристики на климатско-вегетациско-поčвените зони (региони) во Република Македонија. П. Ристевски. Скопје: МАНУ. стр. 14, 59, 60.