Чорапи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црн волнен чорап со шари

Чорапи претставуваат текстилни предмети кои се навлекуваат на стапалата поради затоплување, но и за естетика.

Особености[уреди | уреди извор]

Чорапите ги чуваат нозете да останат топли на зима, а преку лето да не се потат. Чорапите, исто така, ја чуваат ногата од плускавици кои можат да се добијат од триење со чевлите. Чорапите обично се прават од волна, памук, најлон и различни видови на синтетика, во зависност од предвидената намена. Ако е намена да се заштити ногата од студ, тогаш најчесто се употребува волна; спортските чорапи обично се прават од памук или синтетика; свечените женски чорапи најчесто се направени од најлон. Чорапите можат да бидат и со заштитна, но и со здравствена цел. Заштитните чорапи се носат при специфични работи, а медицинските се најчесто со висока еластичност и штитат повредени или заболени места.

Некогаш постоел обичај да домаќинот, испраќајќи ја својата родбина или пријатели од куќата, да му подари на најмладиот од нив бели чорапи за пат.

Чорапите како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 53-54.
  2. Discogs, Arctic Monkeys – AM (пристапено на 31 март 2021)