Горенички мост

Координати: 41°30′40″N 20°33′06″E / 41.5110455° СГШ; 20.5515756° ИГД / 41.5110455; 20.5515756
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горенички мост
Координати41°30′40″N 20°33′06″E / 41.5110455° СГШ; 20.5515756° ИГД / 41.5110455; 20.5515756
ПреминуваРадика
МестоГоренци
Официјален називГоренички мост
Особености
Видлачен мост
Вкуп. должина50 м
Местоположба
Карта

Горенички мост или Грофчански мост — поранешен камен мост во близина на дебарското село Горенци. Мостот минувал преку реката Радика и пред неговото уништување во 1960-тите бил прогласен за културно наследство на Македонија.[1][2]

Историја[уреди | уреди извор]

Мостот се наоѓал во близина на Дебар, по течението на реката Радика. Имал три лака, од кои средниот бил најголем, а страничните биле помали и исти. Меѓу сводовите имало две „мостови ниши“. Неговата должина била над 50 м.[1]

Мостот бил разрушен при изградбата на браната на Дебарското Езеро во 1960-тите. Мостот бил внимателно демонтиран камен по камен поради неговиот статус на културно наследство, а секој камен потоа бил обележан да биде повторно изграден на друго место долж Радика. Камењата биле чувани во објект во близина нај Бошков Мост, но поради немање пари мостот не бил изграден и камењата биле искористени за разни други градби во Дебар.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Милевски, Ивица (18 март 2014). „Горенички мост – Дебарско“. Македонска АРХитектура. Посетено на 25 април 2021 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 Мимидиновски, Кенан (август 16, 2011). „Негрижа за културно-историските објекти“. Радио Слободна Европа. Посетено на 25 април 2021 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)