Татар Елевци
- За селото во Општина Центар Жупа видете Елевци.
Татар Елевци, Турско Елевци или само Елевци — село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горен Дебар, на јужните падини на Дешат. Селото се наоѓа североисточно од Дебар на 3,5 км по асфалтен пат.
Историја[уреди | уреди извор]
Основано е во 1500 г. како Градец, а денес се користат имињата Татар Елевци и Град Елевци. Црквата Св. Димитрија обновена на старите темели во 1873 г. а воедно Митровден е славата на селото.
Според податоците од 1873 година, селото имало 15 домаќинства со 52 жители христијани (Македонци).[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението воглавно се занимава со сточарство и земјоделство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Татар Елевци имало 155 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Татар Елевци имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 10 жители, сите Македонци.
На табелата е претставен преглед на населението во селото низ сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155[2] | 112[3] | 82 | 86 | 67 | 44 | 39 | 23 | 13 | 10 |
Родови[уреди | уреди извор]
Татар Елевци е македонско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
- Доселеници:
- Дурковци (9 к.) доселени се како сточари околу 1764 година од околината на Драч во Албанија. Се делат на Миновци, Трајчевци, Петревци, Неделковци и Силковци.
- Мијовци (4 к.) доселени се од селото Волковија во Горна Река. Овде дошле околу 1817 година. Се доселил Мијо со своите синови Симон, Јосиф и Марко. Се делат на Симоновци и Јосифовци.[4]
Личности[уреди | уреди извор]
- Панче Поповски - партизан.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од ова село има голем број на иселени Македонци, како во поголемите градови во Македонија, така и во Романија, Србија и Бугарија. Од ова село има иселеници на следните места. Браила, Пловдив, Дебар, Скопје, Косовска Митровица, Охрид, итн.[4]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.152-153.
- ↑ 4,0 4,1 Русиќ, Бранислав. Дебарско Поље.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Татар Елевци на Карти на Гугл
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|