Отишани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Отишани
Поглед на Отишани 2.jpg

Воздушен поглед на селото Отишани

Отишани is located in Македонија
Отишани
Местоположба на Отишани во Македонија
Отишани на интерактивна карта

Координати 41°30′17″N 20°28′49″E / 41.50472° СГШ; 20.48028° ИГД / 41.50472; 20.48028Координати: 41°30′17″N 20°28′49″E / 41.50472° СГШ; 20.48028° ИГД / 41.50472; 20.48028
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Grb-debar.jpg Дебар
Област Голо Брдо
Население 331 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08030
Надм. вис. 740 м
Отишани на општинската карта
Отишани во Општина Дебар.svg

Атарот на Отишани во рамките на општината
Commons-logo.svg Отишани на Ризницата


Отишани — село во Општина Дебар, во областа Голо Брдо, во околината на градот Дебар.

Селото е едно од двете села од областа Голо Брдо (заедно со селото Џепиште), кои се наоѓаат на денешна Македонија. Главно е населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на Долно Маало

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Дебар, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 740 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 12 километри.[2]

Отишани е составено од две главни маала, кои се сместени на врвот на една широка долина на еден мал и краток поток. Маалата се наречени Горно Маало или Варсовци и Долно Маало или Присој. Во долината на Мирешица се наоѓа местото Јогленик, каде имало чифлиг (во 1937 г. имало само една празна куќа), а кај устието на потокот се наоѓал поранешниот чифлиг Миреш.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старо Гумно, Врабич, Висока Кула, Рецисте, Стара Нива, Мартиница, Булки, Гура, Рамни и Краста.[3]

Низ самото село поминува регионалниот пат 1201.

Во селото се наоѓале изворите Гуштица и Стари Студенец, но селото оскудевало со вода и во минатото купувало вода од салото Мало Острени во Албанија на потокот Мирешица.[3]

Куќите во маалата во селото се збиени, освен тие на христијанските родови кои во минатото биле малку издвоени.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Отишани е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

Постои предание дека Отишани било православно село и дека моменталните муслимански родови во него водат потекло од исламизираните христијани. Најдобар доказ за ова се огромните православни гробишта, кои се наоѓале под куќите на Јакимовци.[3]

Се говори дека додека селото било православно, во него имало три цркви (денес црквишта во шумите над селото): Св. Никола над селото, Св. Петка со гробишта на Стара Нива и Мала Богородица над Долно Маало. Додека имало православни жители се правел мал панаѓур за Богородица, а голем панаѓур за Свети Никола.[3]

Во селото се појавила чума, па така во православните гробишта има многумина закопани кои умреле од чума, додека нема такви гробови во исламските гробишта, што значи дека исламизацијата се случила кон крајот на XIX век.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 8,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 636 хектари, на пасиштата отпаѓаат 87 хектари, а на обработливото земјиште 82 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат услужни објекти.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948281—    
1953295+5.0%
1961328+11.2%
1971355+8.2%
1981447+25.9%
ГодинаНас.±%
1991566+26.6%
1994544−3.9%
2002530−2.6%
2021331−37.5%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 27 домаќинства со 36 жители муслимани (Македонци) и 54 христијани (Македонци).[5]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Отишани имало 265 жители, сите Македонци, од кои 240 муслимани и 25 православни.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Отишани имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Отишани е средно по големина село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 328 жители, од кои 253 биле Турци, 67 Албанци и пет жители Македонци. Во 1994 година бројот се зголемил на 544 жители, од кои 284 биле Македонци, 220 Турци и 33 жители Албанци.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Отишани брои 530 жители од кои:[8]

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 331 жител, од кои 55 Македонци, 31 Албанец, 129 Турци, 29 останати и 87 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 265 24 281 295 328 355 447 566 544[б 1] 530 331
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Отишани отсекогаш било населено во целост со Македонци. Денес селото е речиси целосно населено со Македонци-муслимани, а во минатото во него живееле и православни христијани.[3]

Според истражувањата од 1937 година, родови во селото биле:

  • Македонски родови:
    • Муслимански родови:
      • Староседелци: Абазовци со Батмановци (14 к.), чиј член во триесеттите години на XX век на православните во Џепиште им кажувал дека дедо му бил христијанин и дека во нивната куќа имале крст во родот Батмановци, живеел и некој Турчин со неговата мајка, посинок од селото Коџаџик; Џаферовци со Исмаиловци и Муратовци (9 к.), во чиј род како посинок било доведено и некое дете од Требиште; Минчовци и Вејсиловци (7 к.); Патовци (3 к.); Бајрамовци (2 к.) и Бакловци (2 к.).
      • Доселеници: Имеровци (1 к.), основани од домазет кој дошол од Тучепи во Голо Брдо во Албанија пред 95 години; Торбач Џеладин (1 к.) се доселиле од селото Торбач во Голо Брдо во Албанија пред 110 години; Јолџиевци (1 к.) се доселиле од Тучепи во Голо Брдо во Албанија пред 105 години; Фејзоски (1 к.) се доселиле исто така од Тучепи во Голо Брдо во Албанија пред 105 години; Изовци (1 к.) потекнуваат од некој помакедончен Турчин кој бил доведен од селото Праленик (Проваленик) во Дебарска Жупа пред 100 години.
    • Христијански родови: Ѓоровци (3 к.) и се делеле на огранките Јакимовци и Митровци.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Стари православни иселеници од ова село има во Солун.[3]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Отишани било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Манастире, во која влегувале селата Буринец, Дренок, Модрич, Отишани, Селце и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година селото било дел на некогашната Општина Џепиште, во која влегувале селата Отишани и Џепиште.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0553 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Џепиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.030 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.076 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Гробој — средновековна некропола; и
  • Црквиште — средновековна црква и некропола.
Џамии[17]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Отишани

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 225.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Филиповиќ, Миленко (1940). Голо Брдо (српски). Скопје. стр. 30–31.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 122. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 262.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 184-185.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. https://rezultati2021lokalni2krug.sec.mk/mk/mayr/r/11-495. Посетено на 8 јануари 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Податоците за вкупното население во Пописот од 1994 година за населените места: Баниште, Горно Косоврасти, Дебар, Кривци, Отишани, Оџовци, Селокуќи, Спас, Хаме и Џепиште претставуваат збир на фактички попишаното и проценетото население.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]