Алмир Капланоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Алмир Капланоски (Отишани, Дебарско, 1983) е македонски поет, сликар и вајар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Капланоски е роден во дебарското село Отишани во 1983 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек вајарство. Свои дела изложувал на самостојни и групни исложби, во повеќе градови во Македонија, Албанија и во Италија, каде што е член на друштвото на уметници МАРЕЧИО и каде што негова слика лани била на аукција. Учесник е и на повеќе рецитали во МКЦ, Точка, КИЦ и во Мала станица. Во 2008 промовирал своја стихозбирка „Алмира“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Promotion of First Book of Poetry by Young Almir Kaplanoski“ (англиски). culture.in.mk. 25.03.2008. конс. 2011-02-28.