Горен Чернец
Горен Чернец Çerenic i Sipërm | |
---|---|
село | |
Координати: 41°30′32″N 20°26′14″E / 41.50889°N 20.43722°E | |
Земја | ![]() |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Горица |
Надм. вис. | 620 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Горен Чернец или Горно Черенци (албански: Çerenic i Sipërm) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Мала Река, за дел од поголемата македонска област Голо Брдо. Сместено е во нспоредна близина на границата со Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Черепецъ е дел од Грика Вогел (Мала Река) и во него живеат 230 Арнаути муслимани.[1]
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Чернец е албанско село со 30 куќи, дел од областа Голо Брдо.[2]
Според податоците, Черенец долго било едно село со две маала, а нивната формална поделба се случила во поново време. До 2015 г. било дел од тогашната Општина Горица.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Семејството Кочи од Чернец се преселило во горнодебарското село Селокуќи во Македонија во 1941 г.[3] Не е укажано дали биле од Горен или Долен Чернец.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
- ↑ Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 40.
- ↑ Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 159–161.
|
|