Горна Горица (Дебар)
Горна Горица Gjoricë e Sipërme | |
---|---|
село | |
Координати: 41°32′0″N 20°26′49″E / 41.53333° СГШ; 20.44694° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Горица |
Надм. вис. | 462 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Горна Горица (албански: Gjoricë e Sipërme) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во историско-географската област Долни Дебар, на левиот брег на Црн Дрим и на деснииот брег на Видоѕвезда, пред нејзината утока во него. Понекогаш селото се вбројува во областа Голо Брдо.[1] На околу 1 км источно е државната граница со Македонија, каде од другата страна е селото Селокуќи.
Историја
[уреди | уреди извор]Албанизацијата на Горица (Долна и Горна) почнала порано отколку во другите места и со време македонското население било истиснато и/или асимилирано од албански доселеници од други места.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Горица било дел од областа Мала Река (Грика Вогел) и во неа живееле 90 лица Арнаути муслимани.[2]
На почетокот на XXI век јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули спровеле теренско испитување со цел да ја проверат тековноста на постарите извори за македонојазичните („словенојазични“) села во Албанија. Ја посетиле Горица, и на тоа подрачје не откриле словенојазични жители ни по извршените подробни интервјуа со мештаните.[3]
Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Горица е големо албанско село од околу 130 куќи и го врбојува во областа Голо Брдо. Околу 50 куќи образуваат голема населба, а останатите се поставени наоколу во групи насобрани околу поединечни одбранбени кули. Според него, сите жители на селото тогаш биле преселници од Зоѓај, Хомеш и Зрклени.[1]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Горица.
Личности
[уреди | уреди извор]- Владан Горица (? – 1465) — советник на Скендербег, роден во Горна или Долна Горица
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 40.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
- ↑ Steinke, Klaus; Ylli, Xhelal (2008). Die slavischen Minderheiten in Albanien (SMA): Golloborda - Herbel - Kërçishti i Epërm (германски). Munich: Verlag Otto Sagner. стр. 252.
Stichprobenartig haben wir auch überprüft, ob es gegenwärtig weitere slavophone Einwohner beider Religionen in anderen Dörfern dieses Gebiets gibt. Weder der Besuch in Bllata, Gjorica usw., noch die ausführlichen Befragungen unserer Informanten sowie anderer Bewohner des Gebietes haben irgendwelche Hinweise auf weitere Orte mit slavophonen Einwohnern in diesem Bereich ergeben.
|
|