Вичишта (Албанија)

Координати: 41°29′50″N 20°27′34″E / 41.49722° СГШ; 20.45944° ИГД / 41.49722; 20.45944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вичишта
Tërbaç
село
Воздушен поглед на издвоеното маало Долно Вичишта
Воздушен поглед на издвоеното маало Долно Вичишта
Вичишта is located in Албанија
Вичишта
Вичишта
Координати: 41°29′50″N 20°27′34″E / 41.49722° СГШ; 20.45944° ИГД / 41.49722; 20.45944
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Горица
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Вичишта — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.

Географија[уреди | уреди извор]

Поглед на местото на раселеното село Бомово (на десниот брег) и на издвоеното маало Долно Вичишта (на левиот брег) покрај реката Црн Дрим на македонско-албанската граница

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. На 1,4 километри североисточно од главното село (наречено и Горно Вичишта) се наоѓа маалото Долно Вичишта. Главната населба е сместена на еден километар западно од границата со Македонија, каде од другата страна е големиот свиок на Црн Дрим, a над него е селото Бомово. На југоисток од неа лежи селото Голејца. Маалото Долно Вичишта е сместено крај следниот свиок на реката, на самата граница и неколку стотини метри северозападно од Бомово.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото за првпат е споменато во Слепченскиот поменик од XVI век како Bïчища. Подоцна во Трескавичкиот поменик од XVII век е забележано како Вчишта.

Во поменикот на Бигорскиот манастир се зачувани низа македонски имиња од Вичишта како Јадро, Богдан, Волкуш, Трпко, Митре и други.

Во селото до 1940-тите години имало христијански гробишта, а порано во селото постоела и црква „Св. Архангел“, заедничка за селата Вичишта, Голејца и Радоешта. Томо Смилјаниќ - Брадина наведува дека дел од иконите од оваа црква биле пренесени во дебарската катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“.[1]

Според Афанасиј Селишчев во 1870-тите и 1880-те селото сè уште било македонско.[2][3]

Селата Вичишта, Голевишта и Писанки на почетокот на XIX век биле македонски, пред 30 години биле напола македонски, а сега се населени од Арнаути. Само во Писанки се останати уште 3 македонски куќи. Арнаутите доаѓаат од Горица и од други посеверни места.[2][4]

Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:

Вичишта било чисто македонско село од 50 куќи. Сега целото село е запоседнато од Мустаф Џека од с. Горица (Малесија), брат на Азис Џека, за кого зборувавме во првиот број, и од семејството Маркевци, Арнаути од друго малесиско село чие име не успеавме да го дознаеме. Вичиштани се иселени во Дебар и во Видин. Последниот и најхрабар селанец, кој се борел машки и не сакал да ги остави куќата и имотот бил Дуко Вичишки, кој во самоодбрана убил еден Арнаутин што го нападнал. Војската дошла да му помогне и изгорела неколку куќи на Арнаутите грабнати од Македонците, но сепак на крајот Арнаутите успеале го заземат селото, а Дуко се преселил во Ербеле (Поле).[2][5]

Во 1909 г. Серафим Србиновски од Вичишта, кој живеел во Романија, ѝ порадил 40 лева на катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар.[6] Истата година војската го нападнала селото и ја запалила куќата на Азис Џека, а во судирот загинале 20 војници. На 3 октомври Џека е обесен.[7]

По Првата балканска војна во 1912 година селото влегло во состав на Албанија.

Во истражувањето на Миленко Филиповиќ од 1935 година за книгата за Голо Брдо, запишал дека селото е албанско со околу 20 куќи.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Вирчишта (Virtchichta) имало 15 домаќинства сочинети од 19 Македонци-христијани и 22 Албанци-муслимани.[2][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото веќе било наполно албанско, заведувајќи 130 Арнаути муслимани.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата од 1935 година, фисови во селото биле:[1] Цамовци по потекло од Топољани и Џековци од Зога.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век Вичишта било македонско село во Дебарската каза, кое било во тек на албанизација, односно истиснување на македонското население.

Сè до 2015 година селото било во состав на Општина Горица.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Глигор Стефанов (1864 – 1913) — лебар, загинал во Втората балканска војна

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Филиповиќ, Миленко (1940). Голо Брдо (српски). Скопје. стр. 39–40.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Селищев, Афанасий. „Славянское население в Албании“, Издание Македонского Научного Института, София, 1931, стр. 11.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 90–91. ISBN 954430424X.
  5. Дебърски глас, година 1, брой 2, 12 април 1909, стр. 2.
  6. Дебърски глас, година 1, брой 41, 9 януари 1910, стр. 4.
  7. Дебърски глас, година 2, брой 25, 9 октомври 1910, стр. 2.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.