Српетово

Координати: 41°28′47″N 20°29′7″E / 41.47972° СГШ; 20.48528° ИГД / 41.47972; 20.48528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Српетово
Serpetovë
село
Српетово is located in Албанија
Српетово
Српетово
Координати: 41°28′47″N 20°29′7″E / 41.47972° СГШ; 20.48528° ИГД / 41.47972; 20.48528
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Острени
Надм. вис.&10000000000000575000000575 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Српетово (албански: Serpetovë или Serpetova) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на околу 1,4 км западно од границата со Македонија која оди по реката Мирешница . Лежи јужно од Трбач и северно од Пасинки.

Во селото се познати низа топоними како Целина, Драка, Лисичина Дупка, Мореш и др.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Српетово имало 120 жители, сите Македонци-муслимани.[3][4]

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Според сознание на Миленко Филиповиќ објавено во 1940 г. Српетово имало околу 150 жители.[5]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Демографија[уреди | уреди извор]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражување од 1940 г. најистакнат род во селото биле Чамовци, кој имал ограноци и во Вичиште, Дебар, Голејца со вкупно 60-70 куќи.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 339. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-20.
  2. Хаџи Васиљевић, Јован (1924). Муслимани : наше крви у Јужној Србији (PDF) (II. изд.). Београд. стр. 38.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 38.