Џепиште
Џепиште | |
![]() Поглед на селото од патот за Коџаџик преку Дебарското Езеро (исток) | |
Координати 41°26′34″N 20°31′58″E / 41.44278° СГШ; 20.53278° ИГДКоординати: 41°26′34″N 20°31′58″E / 41.44278° СГШ; 20.53278° ИГД | |
Регион | Голо Брдо |
Општина | ![]() |
Население | 499 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 08036 |
Надм. вис. | 758 м |
![]() |
Џепиште — село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар. Селото е населено со Македонци, но дел од Македонците-муслимани поради политичко-религиски причини се изјасниле како Турци и мал дел како Албанци.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Џепиште се наоѓа во областа Голо Брдо и заедно со селото Отишани се единствените села од Голо Брдо кои се наоѓаат во Македонија, додека останатите се во Албанија. Од градот Дебар, селото е оддалечено 12 километри јужно.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците од 1873 година, селото имало 35 домаќинства со 25 жители муслимани (Македонци) и 75 христијани (Македонци).[1]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Џепиште живееле 300 жители, сите Македонци, од кои 165 православни и 135 муслимани.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Џепиште имало 168 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Џепиште брои 499 жители, од кои:[4]
- Македонци — 105
- „Албанци“ (впрочем Македонци муслимани) — 96
- „Турци“ (впрочем Македонци муслимани) — 276
- останати — 22
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300[2] | 168[3] | 312 | 287 | 293 | 303 | 382 | 476 | 421 | 499 |
Родови[уреди | уреди извор]
Селото Џепиште отсекогаш е населено во целост со Македонци. Денес селото е речиси целосно населено со Македонци-муслимани, а во минатото во него живееле и православни христијани. Според народно предание, од тројца браќа потекло водат главните муслимански родови: Јусуфовци, Бајрамовци и Селмановци, а како старинци се сметаат и Лимановци[6]. Доселенички македонски муслимански родови се: Колецовци кои дошле пред 155 години од голобрдското село Стушани во Албанија, бегајќи од крвна одмазда; Љатифовци со непознато место на доселување; Шабановци со непознато место на доселување; Ајдаровци и Ибраимовци кои се доселиле од селото Торбач во Голо Брдо под Албанија, додека родот Изеировци изумрел во селото[6]. Староседелски православни македонски родови во Џепиште биле: Трајковци (слават Свети Никола и Св. Архангел); Трајовци или Блажевци (слават Св. Никола и Св. Архангел); Марковци, додека доселенички родови биле: Симоновци (слават Св. Архангел) нарекувани „скитници“ по потекло се од Прилеп од каде што избегале поради Турците, а пред да дојдат во Џепиште живееле и во струшките села Добовјани и Модрич; Гиновци (слават Св. Архангел и сечат колач на Ѓурѓовден) избегале од селото Којовец во Голо Брдо во Албанија; Петковци (слават Св. Никола) дошле од областа Мат пред 175 години; Стефановски (слават Св. Никола и Св. Архангел) со непознато место на иселување[6].
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 553 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Отишани.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.030 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Извор — некропола од римско време;
- Манастирец — средновековна црква;
- Параспур — населба од римско време;
- Цркви
- Црква „Собор на Светиот Архангел Гаврил“ — главна црква на Џепишкиот манастир, метох на Бигорскиот манастир;[10][11]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 184-185.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Филиповиќ, Миленко (1940). Голо Брдо - белешке о насељима, порекло становништва, народном животу и обичајима (српски). Скопје: Штампарија „Јужна Србија“. стр. 28–30.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Во посета на Бигорскиот метох посветен на Соборот на Светиот Архангел Гаврил
- ↑ „Бигорскиот манастир со денационализација си врати имот од 650 хектари“. Архивирано од изворникот на 2015-01-27. Посетено на 2015-01-26.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Приказни од Џепиште на месниот дијалект, стр. 105-109 — Центар за ареална лингвистика на МАНУ
- Сателитска снимка на Џепиште на Карти на Гугл
|
|