Владимирица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владимирица
Lladomericë
село
Владимирица is located in Албанија
Владимирица
Владимирица
Координати: 41°27′50″N 20°30′03″E / 41.46389° N; 20.50083° E / 41.46389; 20.50083Координати: 41°27′50″N 20°30′03″E / 41.46389° N; 20.50083° E / 41.46389; 20.50083
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Острени
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Владимирица или Ладомерица (албански: Lladomericë) село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на самата граница со Македонија, каде од другата страна е торбешкото село Отишани, Општина Дебар. На кусо растојание на северозапад е селото Пасинки.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владомирица (Vladomiritza) е село село со 17 домаќинства сочинети од 42 жители Торбеши.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Радомирица живееле 440 Македонци-муслимани.[3][4]

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Владимирци се води како село со 100 куќи на Македонци-муслимани.[3][5]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Владимиричка џамија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 339. Во повеќето од спомнативе села живее население - со македонски и со албански мачин јазик. Албанското население доминира во северните голобрдски села (Себишта, Пасинки, Врмница, Големо и Мало Острени). Селата: Лешничани, Требиште, Српетово, Торбач, Љуболези, Владимирица и Тучепи се населени со Македонски муслимани (Торбеши), а во Себишта, Требиште, Г. и М. Острени живее мешано население - православни и Торбеши.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
  5. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Надворешни врски[уреди | уреди извор]