Големо Трново

Координати: 41°26′24″N 20°21′28″E / 41.44000° СГШ; 20.35778° ИГД / 41.44000; 20.35778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Големо Трново
Tërnovë e Madhe
село
Големо Трново is located in Албанија
Големо Трново
Големо Трново
Координати: 41°26′24″N 20°21′28″E / 41.44000° СГШ; 20.35778° ИГД / 41.44000; 20.35778
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Зрклени
Надм. вис.&10000000000000966000000966 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Големо Трново (албански: Tërnovë e Madhe) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Низ селото тече Трновска Река, која оди во југоисточен правец и потоа се влева во Окштунска Река.

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Трново живееле 540 Македонци-муслимани (торбеши),[1][2] кои биле во процес на албанизација:

Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[3]

По Првата балканска војна во 1912 г. Големо Трново влегло во состав на Албанија.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Зрклени.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 90. ISBN 954430424X.