Сребреново

Координати: 41°20′22.5″N 20°27′5.8″E / 41.339583° СГШ; 20.451611° ИГД / 41.339583; 20.451611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сребреново
село
Сребреново is located in Албанија
Сребреново
Сребреново
Координати: 41°20′22.5″N 20°27′5.8″E / 41.339583° СГШ; 20.451611° ИГД / 41.339583; 20.451611
Земја Албанија
ОбластЕлбасанска
ОпштинаЛибражд
Општ. един.Стеблево
Надм. вис.&100000000000011460000001.146 м
Население
 • Вкупнонема
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Сребреново — поранешно село во денешната општина Либражд на Елбасанската област, источна Албанија.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во јужниот дел на македонската област Голо Брдо, во подножјето на врвот Градиште, западно од Стеблево.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сребреново (Сребърново) живееле 30 Арнаути муслимани,[2] иако веројатно се работи за албанизирани Македонци-муслимани судејќи по етничкиот состав на соседните села. Од друга страна, според Миленко Филиповиќ, кој пишува во 1940 г., селото веќе одамна не постои. Во Стеблево е зачувано предание за иселување во Италија. Меѓутоа, исчезнувањето не е одразено во турскиот катастар и затоа многу стеблевци плаќале данок како жители на Сребреново.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 32.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.