Којовец
Којовец Kojavec | |
---|---|
село | |
Координати: 41°26′22″N 20°25′18″E / 41.43944°N 20.42167°E | |
Земја | Албанија |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Острени |
Надм. вис. | 890 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Којовец или Којовци (албански: Kojavec или Kojaveci) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани, а порано било со мешана вероисповед.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во македонската област Голо Брдо. Лежи во поречието на Окштунска Река, југоисточно од Смолник и северно од Лешничани. На североисток се наоѓа горското подрачје Рамна Гора.
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Којувци (Coiuvtzi) било село со 20 домаќинства сочинети од 14 Македонци-муслимани (торбеши).[1][2]
По Првата балканска војна во 1912 г. Којовец влегол во состав на Албанија.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Според истражувањата направени во XX век, родови од Којовец има во следниве населени места:
- Гиновец, Голо Брдо: Којовци, православни[3]
- Корошишта, Струшко: Којовец/Коевец, торбеши (21 куќа).[4] Кон крајот на 1970-тите биле 13 куќи.[5]
- Џепиште, Дебарско: Гиновци, православни. Пребегале од Којовец.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
- ↑ 3,0 3,1 . Филиповиќ, Миленко. Голо Брдо. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Корошишта. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
|
|