Мало Окштун
Мало Окштун Okshtun i Madh | |
---|---|
село | |
Координати: 41°23′7″N 20°20′51″E / 41.38528°N 20.34750°E | |
Земја | ![]() |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Острени |
Надм. вис. | 1.120 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Мало Окштун — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. На 3 км на североисток е селото Моглица, а близу до неа е Големо Окштун. Во близина на југоисток е маалото Шулани.
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Окштон (Okshton) било село со 40 домаќинства сочинети од 79 жители торбеши.[2] Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го води Окшутин како село во Грика Вог’л (Мала Река) со 390 жители „Албанци-муслимани“, што претставува грешка.[3]
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Окштун се води како село од 200 куќи, сите Македонци-муслимани.[4][5]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 309. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-20.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
|
|