Хаме
Хаме | |
![]() Влезот на селото | |
Координати 41°33′6″N 20°31′36″E / 41.55167° СГШ; 20.52667° ИГДКоординати: 41°33′6″N 20°31′36″E / 41.55167° СГШ; 20.52667° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 135 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 08001 |
![]() |
Хаме — село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горен Дебар во Западна Македонија, на југозападните падини на Дешат.
Историја[уреди | уреди извор]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Амет било село со 53 домаќинства, сочинети од 87 Македонци-муслимани (торбеши) и 13 Македонци-христијани.[1][2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Хаме живееле 160 жители, сите „Албанци“.[3] Секако, станува збор за торбеши кои подлегнале на асимилација, и многу мал број вистински албански доселеници.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 135 жители, сите „Албанци“.[4].
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160[3] | 182 | 194 | 228 | 258 | 268 | 307 | 135 |
Родови[уреди | уреди извор]
Хаме е албанско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
- Староседелци: Заидовци (1 к.)
- Доселеници:
- Чаушовци (2 к.) доселени се однекаде во 1834 година.
- Карпузовци (8 к.) доселени се во 1795 година од селото Дешат кај Пешкопеја, од другата страна на границата.
- Љатовци или Љата (4 к.) доселени се во 1825 година од селото Влашени кај Љура во с. Албанија.
- Али Аговци или Хамевци (3 к.) доселени се во 1855 година од селото Брештани западно од Пешкопеја во Албанија.
- Дика (1 к.) доселени се како Торбеши од мијачкото село Скудриње. Овде се албанизирале мешајќи се со Албанците.
- Незировци (1 к.) доселени се од селото Клабучишта кај Пешкопеја.
- Јусуфовци (1 к.) доселени се од селото Обоки кај Пешкопеја.
- Стрези или Штрези (1 к.) доселени се од селото Војник кај Пешкопеја.
- Песјака (1 к.) доселени се од селото Песјак кај Пешкопеја.
- Чакалнику (2 к.) доселени се од селото Клабучишта кај Пешкопеја.
- Љазеровци (1 к.) доселени се од Братари во Албанија.
- Лаловци (1 к.) доселени се од Селиште на реката Мура, лева притока на Црн Дрим во Албанија.
- Аслановци (2 к.) доселени се од Дебар, таму имале роднини.
- Цалини (1 к.) доселени се од селото Топојани во Малесија, Албанија.
- Пачук или Крос (1 к.) доселени се од Дебар, каде имаат роднини.
- Беќири (1 к.) доселени се од селото Коњари.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Џамии
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Покрај муслиманското население во селото порано живеело и православно население. Но тие целосно се иселиле од селото. Од Македонците се иселиле два рода, тоа биле Бекчевци и Амчевци. Некои отишле во Дебар, а други во Бугарија, во Софија.[6]
Од Албанците муслимани населението до 1954 година мигрирало во Дебар (најголем број), Гостивар и Тирана.[6]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 170-171.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.259
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Русиќ, Бранислав. Поље Дебарско.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Хаме на Карти на Гугл
|