Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебар
Успение на Пресвета Богородица
| |
Воздушен поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°31′48″N 20°31′39″E / 41.53000° СГШ; 20.52750° ИГД |
Место | Дебар |
Општина | Дебар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | XI век XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Успение на Пресвета Богородица — енориска црква во градот Дебар, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот Дебар.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во средината на XIX век, најверојатно 1840 година на постари темели од XI век.[2]
Оваа црква некогаш била седиште на митрополија, која опфаќала простор сè до соседниот албански град Пешкопеја.
Кражби
[уреди | уреди извор]Во периодот помеѓу 8 и 11 септември 2012 година во црквата била извршена тешка кражба на 14 икони со голема вредност, плаштеница стара три века и пари.[3] Ова било втора кражба по таа во 1988 година. Во периодот од 14 до 19 октомври 2012 година непознат сторител насилно ги откорнал решетките од прозорот и влегол во храмот при што украл 13 исклучително вредни икони.[4]
Во 2014 година, црквата повторно била мета на кражба, која била извршена со уривање на ѕидови и кршење прозорци при што биле украдени повеќе вредни икони.[5]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е трикорабна со базиликална архитектура со фрески, а има особено убав иконостас од XIX век.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Воздушен поглед
-
Камбанаријата
-
Воздушен поглед
-
Поглед на црквата
-
Воздушен поглед
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Дебарско архијерејско намесништво
- Дебарско-реканска парохија
- Дебар
- Црква „Св. Великомаченичка Петка“ ― изградена во XIX век;
- Црква „Св. Преподобна Петка“ ― изградена во 1920 година;
- Црква „Св. Недела“ ― изградена во XX век;
- Црква „Св. Никола“ ― изградена во XX век; и
- Црква „Св. Преображение“ ― изградена во XX век.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
- ↑ „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-04.
- ↑ „Украдени 14 икони од дебарска црква“. Плус24. 11 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-12. Посетено на 2012-09-11.
- ↑ „Вредни црковни икони украдени во Дебар“. Рuls24. 20 октомври 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 2012-10-20.
- ↑ „Уште една дрска кражба во црквата Света Богородица во Дебар“. МАКФАКС. 2014-10-27. Посетено на 2022-12-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебар на Ризницата ?
- Страници со излишни големински наставки px
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Дебарско-кичевската епархија
- Цркви во Дебарското архијерејско намесништво
- Дебарско-реканска парохија
- Цркви во Општина Дебар
- Дебар
- Храмови посветени на Успението на Пресвета Богородица во Македонија
- Цркви во Дебар
- Дела на Дебарската школа