Прејди на содржината

Иван Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Ивановскимакедонски поет, раскажувач, писател за деца, театарски критичар.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Иван Ивановски е роден во Дебар на 10 јули 1930 година. Завршил средно образование. Бил уредник во Македонското радио. Член на ДПМ од 1967 година. Автор е на книгите: Врти се врти вретенце (поезија за деца, 1957), Штурчевото дуќанче за музикалии (раскази за деца, 1960), Ветки од љубов (поезија, 1961), Варијации (поезија, 1963), Мамините раце се златни (поезија за деца, 1966), Во потрага по убавината (патописи, 1967), Водоскоци на сонот (поезија, 1967), Светлини и сенки (патописи, 1969), Ах ти мило детенце (поезија, 1972), театралошки книги: Волшебникот на сцената (1973), Една деценија постоење (1976), Обласниот македонски народен театар во Горна Џамаја (1977), Од трње кон ѕвездите (1977), Јован Бошковски како театарски критичар (1978), Алеко (1979), Плима и осека (1981), Незаборавни средби (1982), На своја почва (1983), 40 години Народен театар - Битола (1984), Во чекор со времето (1986), Светлини на сцената (1987), Битолски театараски деноноќија (1987), Против заборавот на времето (1987), Плодови на времето (1988), 25 години театараски игри Војдан Чернодрински (1990), Македонска театарска критика и театралогија (1990), Паралели и меридијани (1990), Тодор Николовски (1991), Димче и Ацо Стефановски (1992), Сјај што не потемнува (1993), Театарски аспекти (1996), Пред кренатата завеса (1998), Ликовите на Петре Прличко (1999). Добитник на наградите: „Мито Хаџивасилев“, „Крсте Мисирков“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.97
  2. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 588. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)